- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
СоопштениеДата на објава: 10 Ноември 2013Поврзано со излегувањето во јавноста на ЛДП со искажување на произволности и конструкции, должни сме, пред сè за нив, да ги соопштиме следните факти: Имено, сумите што ги издвојува ЕУ за инвестиции во земјоделство изнесуваат околу 70 мил. евра за период од 7 години. Ги упатуваме во ЛДП на фактот дека програмскиот циклус завршува оваа година, но финансискиот циклус за трошење на овие средства трае до крајот на 2016 година. Значи неможе да стане збор за губење на правото за располагање на толкава сума финансиски средства како што се наведува. Воедно, се поставува прашањето, во времето кога министер за земјоделство беше кадар на ЛДП и кога на Република Македонија со здобивање на кандидатски статус во 2005 година и беше отворен пристапот до тогашните САПАРД фондови на ЕУ, зошто на ЛДП и на нивниот министер не им беа приоритет структурните реформи, обезбедувањето и развој на неопходните институции за управување и спроведување на фондовите, ниту пак покажаа некоја грижа за земјоделците воопшто. Патем, во тој период ЛДП не се ни потруди барем малку да започне со подготовките за искористување на ЕУ фондовите, да обезбеди финансиска поддршка за субвенционирање на земјоделците и пред сè почит кон нивната работа, слух за нивните проблеми и волја за решавање на истите. Дури не можеме ниту да се сетиме кој закон воопшто е подготвен, уште помалку донесен, во тој период. Всушност што направи ЛДП како тогашен коалициски партнер во власта со СДСМ за земјоделците. Едно големо ништо. Денес е крајно лицемерна наводната грижа на ЛДП за земјоделството. Дури и сега освен паушални критики и девалвации повторно не слушаме ништо сериозно. Ќе напоменеме дека во одобрувањето на дадените средства од европските фондови постои целосна транспарентност, без било каква политизација или партиската дискриминација. Впрочем, на тоа упатуваат и редовните контроли од страна на Националното ревизорско тело и од Ревизорското тело на ЕУ. Загижувачка е неупатеноста во ЛДП во земјоделските политики, нивното имплементирање и елемнтарното непознавање на процедурите, што секако не им дава за право да излегуваат со оценки кои се невистинити. Дeнешното соопштение на ЛДП може да се смета како продолжение на последните расправи на матичната собраниска комисија за земјоделство при што целата јавност беше сведок како на крајно агресивен начин и без доволно аргументи, со потценување, токму од нивните коалициони партнери се девалвира сработеното во македонското земјоделство, потврдено во последниот, петти по ред поизитивен Извештај на Европската комисија, кога во неговото образложување, па дури и во негова одбрана, се ставија претставниците на Министерството за земјоделство и пратениците од позицијата. |