- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Работна средба на министерот Димовски со оризопроизводителитеДата на објава: 23 Октомври 2013На покана на градоначалникот на Општина Чешиново - Облешево министерот за земјоделство Љупчо Димовски денес одржа работна средба со претставници на оризопроизводителите од регионот, Подрачната единица на МЗШВ Кочани, Институтот за ориз - Кочани, директорот на ВС Брегалница и членови на Советот на општината. На состанокот се отворија повеќе теми во делот на производството на ориз, а посебно внимание се посвети на актуелната состојба на оштетувањето на овогодишниот род на оризот, последица од сланата од 2-ри октомври. На средбата се направи анализа на оштетените површини и процентот на оштетеност на оризовото зрно врз основа на Извештајот на општинската Комисија за проценка на штета. Од страна на оризопроизводителите е побарана помош за покривање на дел од висината на констатираните штети, која би се реализирала со измена на Програмата за финансиска помош во земјоделството и руралниот развој за 2013 година и воведување на дополнителна мерка. Воедно, се анализираше и процесот на откуп и движењето на висината на откупната цена на оризот и оризовата арпа, посебно за секој откупувач. Се отворија и тековни теми во делот на водоснабдувањето и заштитните препарати. Побарано е зголемено присуство на инспекциските органи во делот на контролата на откуп. Истовремено, се направи пресек на реализација на проектот за подобрување на квалитетот на оризот и ефектите од него. |