Известување

Дата на објава: 
1 Октомври 2013

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сите правни и физички лица кои што ставаат брашно во промет дека од 01.10.2013 година, започна примена на Правилникот за формата и содржината на барањето за издавање на контролната марка, формата и содржината на контролната марка, начинот на нејзиното издавање, формата, содржината и начинот на водењето на евиденцијата за издадени и искористени контролни марки за означување на брашното кое се става во промет и  Правилник за дополнување на Правилникот за формата и содржината на барањето за издавање на контролната марка, начинот на нејзиното издавање, формата и содржината и начинот на водењето на евиденцијата за издадени контролни марки за означување на брашното кое се става во промет.

 

Согласно Законот за квалитетот на земјоделските производи, брашното може да се стави во промет означено со контролна марка и ги исполнува условите за промет и квалитет утврдени со овој закон. Исто така  операторот со брашно е должен пред ставање во промет на брашното на пазар секое пакување да го означи со контролна марка на видливо место. Контролните марки треба да се јасно видливи, читливи, неизбришливи и прицврстени или трајно втиснати на пакувањето на начин што при отварањето на пакувањето ознаките видливо и трајно се оштетуваат.

 

Правилник за контролни марки - Превземи

Дополнување на правилник за контролни марки - Превземи

Измени и дополнување на законот за квалитет на земјоделски производи - Превземи