Министерот Димовски на манифестацијата „Преспански јаболкобер“

Дата на објава: 
27 Август 2013
JPG

Во Ресен денеска започна традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер“ со која се означува почетокот на берба на јаболкото.Симболично првото јаболко на годинашниот преспански  јаболкобер го откина министерот за земјоделство Љупчо Димовски.

- Овоштарството е застапено на околу 15.000 ха или зафаќа 2,7 % од вкупната обработлива површина во Република Македонија. Последните четири години има тренд на зголемување на производството на јаболки од околу 20 % во 2012 споредбено со 2009 година. Исто така оваа година има зголемување не само на количините на произведено јаболко, туку и на квалитетот на родот. Во ресенско-охридскиот регион се  произведува околу 103.000 тони на јаболки или околу 87 % од вкупното произведено јаболко во Република Македонија. Преспа е носител на јаболковото производство во државава. Како министерство правиме конкретни напори за подобрување на условите, не само за производството, туку и за пласманот, рече министерот Димовски.

- И општината ќе учествува во подобрување на пласманот и ќе се заложи за намалување на трошоците во производството, истакна градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски.

Годинашниот род ќе тежи околу 100.000 тони и може да донесе 25 милиони евра во Преспа. Во преспанскиот јаболков басен од година во година се зголемуваат овошните насади, а во последно време се слушаат сугестиите на европските експерти па се садат нови сорти што ги бараат европските пазари. Можеби тоа ќе придонесе за подобар пласман. Овоштарите се задоволни и од родот и од квалитетот.

Манифестацијата „Преспански јаболкобер“ ќе трае три дена и ќе биде збогатена со културно-забавна програма