- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Димовски на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промениДата на објава: 26 Септември 2013Од климатските промени чие негативно влијание Македонија веќе го чувствува, загрозени се поважните земјоделски региони и стратегиските култури, додека проценките за економските штети се загрижувачки, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. По завршувањето на есенската кампања на Караванот за климатски промени во Свети Николе, министерот Димовски нагласи дека земјоделството е меѓу најранливите економски сектори од овој аспект. Идниот период, најави, министерството ќе се фокусира на креирање соодветни политики и дефинирање мерки за прилагодување кон климатските промени. - Зајакнувањето на капацитетите ќе ја вклучи и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во насока на обезбедување совети за подобри земјоделски пракси и пристап до подобри информации за одгледување високо приносни култури, како и обезбедување совети за одржување на приносите во услови на екстремни температурни или други негативни влијанија, а секако и Управата за хидрометеоролошки работи за обезбедување навремени и прецизни податоци за прогнозрирање на температурата и врнежите, истакна министерот Димовски. Според директорот на мисијата на УСАИД Џејмс Стејн, целта на Караванот е да ги едуцира индивидуалните земјоделци и нивните заедници за очекуваните ефекти од климатските промени. Преку сесии на отворени прашања и одговори експертите директно одговараат за одредени проблеми со кои се соочуваат земјоделците, со што се прават стратегии за адаптација кон ефектите од климатските проемени. - Од неодамна Македонија е под влијание на потопла и посува клима, а со тоа е и повеќе подложна на појава на топлотни бранови, суши, поплави и град, рече Стејн. Земјоделските експерти им порачаа на земјоделците од Овчеполието, во услови на климатски промени да инвстираат во заштитни мрежи кои земјоделските култури ги чуваат од град и други надворешни влијанија. Овој регион треба да вложи и во системот за наводнување „капка по капка“. На завршната манифестација присуствуваше и градоначалникот на oпштина Свети Николе Зоран Тасев. |