Соопштение

Дата на објава: 
6 Септември 2013
9841.jpg

Македонска делегиција учествува на Конференцијата за Научна и технолошка соработка во земјоделството која за прв пат се одржува во Пекинг како дел од Форумот за соработка во земјоделството помеѓу Кина и земјите од Централна и источна Европа. Државниот советник Перица Иваноски во своето обраќање ја истакна потребата за заеднички настап на сите земји во справување со глобалните феномени кои имаат ефект на сите земји и стопанства подеднакво и кои неможат да бидат третирани изолирано. Тука спаѓааат пред се влијанието на светската економска криза и потребата за намалување на трошоците и подобрување на квалитетот на производите за поголема конкурентност во услови на заострена конкуренција, и секако влијанието на климатските промени и ширењето на штетниците и заболувањата кај растенијата и животните кои имаат деструктивно влијание особено на земјоделското производство и благосостојбата на руралното население.  Токму научното истражувањепреку соработката и партнерство меѓу земјите е тоа кое што треба да одговори на прашањето како да се обезбеди раст на секторот во услови на вакви предизвици.

Во билатералната средба со г-ѓа Лиу Јан, заменик генерален директор на Одделот за Наука, Технологија и Образование при Министерството за земјоделство на Народна Република Кина, договорени се чекори за започнување на конкретна соработка меѓу двете земји во делот на науката, истражувањето и трансферот на знаење во земјоделскиот сектор. Во таа насока македонското министерството до кинеската страна ќе достави предлози за конкретни проекти за заедничка соработка подготвени во соработка со нашите научни и истражувачки институции.