- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
СоопштениеДата на објава: 19 Август 2013Во насока на објективно информирање на македонската јавност а во контекст на информациите кои изминативе денови се пласираат од одредени медиуми, во врска со состојбите поврзани со откупот на домашната пченица од овогодишната реколта Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Ве информира дека како надлежна институција будно ги следиме активностите поврзани со откупот на домашната пченица и ги спроведуваме сите активности поврзани со процесот на забрзување на динамиката на откуп. Во тој контекст, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство остварува секојдневна комуникација со сите фактори вклучени во процесот на откуп, со сите форми на здружување на земјоделците-производители на пченица и мелничко-пекарскиот сектор, преку која дополнително се следи количината на откупената домашна пченица и состојбите од терен. Во овој процес, непосредно е вклучен и Државниот инспекторат за земјоделство, кој преку посебни тимови врши следење на состојбите, условите и начинот на откупот, преку доставување на теренски податоци на дневна основа. Согласно досега обработените податоци, досегашниот откуп изнесува 82%, (односно 120.000 тони) од планираната количина домашна пченица која ќе се движи во границите на откуп од претходните жетви. Како министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелираме, дека во овој момент, од особена важност е сите инволвирани страни во процесот на откупот на пченицата да бидат фокусирани на дополнително интензивирање на откупот на пченицата која што се уште не е откупена, односно на целосно завршување на откупот на истата, што ќе значи заштита на интересите на индивидуалните земјоделски производители на пченица, заштита на интересите на домашните комапнии од мелничко-пекарскиот сектор како и стабилизирање на домашниот пазар со пченица и брашно. Остварувањето на овие цели за министерството за земјоделство, е приоритет кој е во интерес на Република Македонија и на македонското земјоделство. |