СООПШТЕНИЕ

Дата на објава: 
10 Јули 2013

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски и министерот за надворешна и внатрешна трговија на Република Србија, Расим Лајиќ, денеска во Скопје оддржаа билатерален состанок на кој го потврдија заедничкиот интерес за понатамошно продолжување на позитивниот тренд на солидна трговска соработка со земјоделски производи помеѓу двете земји.

Во таа насока министрите се договорија за воздржување од воведување на дополнителни мерки кои би ја оневозможиле непречената трговска размена со земјоделските производи. На состанокот беа разменети информации и аргументи во врска со веќе воведените мерки на заштита на македонскиот пазар со пченица и брашно. Македонската страна изрази подготвеност за евентуална измена на времената мерка за условен увоз на пченица и брашно после надминување на нарушувањето на пазарот. Заради следење на состојбите на пазарот беше договорено да се одржуваат редовни консулатации помеѓу двете страни на неделно ниво.

Двете страни ќе овозможат и дополнителна институционална поддршка на економските субјекти за понатамошно унапредување на размената преку овозможување на директни контакти.