- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Реакција на Министерството за земјоделство по повод денешнaта прес конференција на Либералната ПартијаДата на објава: 6 Јули 2013Жално е што партија која има амбиции нешто да значи на македонската политичка сцена не може да разбере зошто не само постоечката, туку и било која македонската влада треба да интервенира во случаји на зголемен увоз и нарушување на пазарот, за да го заштити производството и откупот на стратешкиот земјоделски производ во Република Македонија – пченицата. Пченицата е основниот прехрамбен производ за граѓаните на Република Македонија и најзастапената поледелска култура. И покрај тоа што производството на пченица генерално е помалку конкурентно во однос на регионалните економии, ниедна македонска влада несмее да си го дозволи луксузот во името на либераланата економија како што сугерира Либерлната партија, домашното производство на пченица целосно да го замени со узвоз. Ова пред се поради безбедноста на обезбедување на храна за населението како основна цел на земјоделската, и генерално економската политика на една држава. Три и пол милијарди денари или 56,5 милиони евра исплатени за поддршка на поледелските култури за периодот 2007-2011 година, 54.000 ха ново-распределено државно земјоделско земјиште во најголем дел за поледелските култури, илјадници парчиња трактори и друга приклучна механизација набавена со половината од трошоците покриени од страна на државата, силна поддршка на земјоделските задруги и започнат процес на консолидација на ситните парцели, изградба на нови и одржување на постојните системи за наводнување, како и примена на соодветни мерки на пазарна интервенција тогаш кога има нарушување на пазарот на земјоделски производи, се само дел од тоа што оваа Влада и министерството го има направено за земјоделците. Што има направено либералната и партиите од нивната коалиција? Веројатно земјоделците ќе се сетат на либераланите политики на целосно либерализирање на увозот на пченица и ниската откупна цена, распродажбата и уништување на конкурентните агро-комплекси и нула финансиска поддршка од државата. Македонското министерство за земјоделство е во континуиран контакт со своите колеги од Република Србија и евентуалните забелешки во однос на примена на одредени мерки како и досега ги разрешува во рамките на пропишаните трговски спогодби и духот на добрососедската соработка, водејќи се секогаш од интересите на домашниот земјоделски сектор. |