- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Прва посета на македонски министер за земјоделство на Обединетото КралствоДата на објава: 4 Јули 2013Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денес, во Лондон, оствари билатерална средба со г. Дејвид Хит, министер за земјоделство и храна на Обединетото Кралство. Тој е прв министер за земјоделство од Република Македонија во посета на Обединетото Кралство. Министерот Хит му посака добредојде на министерот Димовски истакнувајќи дека неколку пати бил во посета на Република Македонија и многу му се допаѓа земјата и гостопримливоста на луѓето, а посебно вкусната македонска традиционална кујна и македонското вино. Toj покажа голем интерес за состојбата со земјоделскиот сектор во Република Македонија. Министерот Димовски се заблагодари на приемот од домаќините и за интересот за македонското земјоделство. Тој истакна дека климатско почвените услови во нашата земја овзможуваат производство на квалитетни земјоделски производи со карактеристична арома, боја и вкус. Поради тоа и со заложбата на Владата преку стимулирање на секторот, во изминатите неколку години се дуплираше извозот на македонски земјоделски производи, кои главно ги извезуваме на пазарите на Европската Унија. Исто така, истакна министерот Димовски, во последните 5-6 години земјоделството стана трет сектор во економијата на земјата. Тој го извести својот британски колега дека ја усогласивме легислативата во поглавјата 11, 12, 13 согласно барањата на Европската унија и успеавме да ги зголемиме стандардите за производство, како услов производите да бидат прифатени на строгиот европски пазар. Со високиот квалитет на нашите земјоделски производи се надеваме дека ќе бидеме поприсутни и на британскиот пазар. Министерот Димовски упати покана до британските бизнисмени да дојдат и да инвестираат со оглед на повлните услови за инвестирање во земјата, а особено во земјоделството. Нашите врати се отворени за инвестиции во производството или во откупно дистрибутивни центри за земјоделски производи за да ги пласираат на британскиот пазар. Министерот Дејвид Хит истакна дека Британија и Македонија имаат добри односи, но таа соработка треба уште повеќе да се подобри, затоа што имаме многу области на заеднички интерс. Тој на министерот Димовски му ја понуди нивната поддршка за подобрување на квалитетот и безбедноста на храната. „Имаме стручни кадри, а нашите стандарди за безбедност на храна се меѓународно признати. Од друга страна постои интерес нa британски производители да влезат на македонскиот пазар. Треба да работиме во насока на зголемување на меѓусебната трговска соработка.''- рече Хит. Друга област каде што министерот Хит понуди соработка и подршка е подобрување на агро технолошките мерки во насока на зголемување на производството по единица површина, кои искуства можат да ги споделат преку научните установи, факултетите и приватни компании кои се занимаваат со истражување. Тој меѓу другото рече дека британскиот пазар е отворен за нашето одлично вино, додека соработката помеѓу Република Македонија и Велика Британија во однос на евроинтеграциите ќе зависи од текот на нашите преговори со Европската комисија, но истакна дека без оглед на се, во Британија имаме вистински пријател. Министерот Хит побара помош од министерот Димовски во областа на шумарството за обезбедување на семиња од црн бор, кој е познат по тоа што е отпорен на болести со цел за подобрување на генетиката на нивниот бор Министерот Димовски истакна дека со задоволство уште веднаш по враќањето во Република Македонија ќе восостави контакти со Комисијата за шумарство во Обединетото Кралство и со Македонски Шуми. Во Република Македонија расадниците во кои имаме семиња со квалитетен генетски потенцијал, кој потекнува од издвоени шумски состоини се наоѓаат во рамките на ЈП Македонски шуми.. На крајот на средбата двајцата министри се согласија дека ова беше успешна работна средба на која се договорија неколку битни области на соработка. На својата прва работна посета на Велика Британија министерот Димовски е заедно со директорот на агенцијата за храна и ветерина Дејан Рунтевски, каде освен со министерот за земјоделство и храна Дејвид Хит се сретнаа и со Лорд Рукер, претседавач на Агенцијата за стандарди на храна, со г. Пол Кристенсен, претседавач на Natural England и со г. Питер Џинман, претседавач на стручна комисија во Министерството за животна средина, храна и рурални работи. На кои средби се разговараше околу можноста за обезбедување на техничка подршка во областа на безбедноста на храната и благосостојбата на животните. |