Средба на министерот Димовски со претседателот на ТИКА Сердар Чам

Дата на објава: 
28 Јуни 2013
2.jpg

На маргините на посетата на Република Турција министерот Љупчо Димовски се сретна со Сердар Чам, претседателот на Претседателството на турската агенција за соработка и координација ТИКА. Претседателот Чам го изрази своето задоволство од средбата со министерот Димовски и iстакна дека Република Македонија има посебно место во срцата на турскиот народ поради историската и културната поврзаност.

-ТИКА има отворено 35 канцеларии во светот и спроведува проекти во 110земји. Бевме земја која добиваше помош, а сега сме земја која дава помош. Нашата помош се базира на искреност и пријателство поради тоа нашата помош носи успех. Ние имаме задолжение од Mинистерството за храна, земјоделство и сточарство, и Mинистерството за шумарство и водостопанство да ви помогнеме во рамките на нашите можности – истакна претседателот на ТИКА, Сердар Чам.

Тој исто така напомена дека во рамките на ТИКА постои можност експерти од Република Македонија заедно со експерти на ТИКА заеднички да спроведуваат проекти во други земји.  

-ТИКА е агенција со која Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија активно соработува. Би сакал да ја изразам мојата благодарност за добрата соработка со вашата канцеларија во Скопје. Секој проект кој досега се реализирал е успешен на заедничко задоволство – истакна министерот Димовски.

Тој го информираше претседателот Чам за текот на реализација на заедничкиот проект so ТИКА и Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развој на производството и квалитетот на оризот сo кој преку размена на искуства од  турски експерти и друга техничка поддршка, се работи на подобрување на оризопроизводството во Република Македонија со воведување на нови сорти квалитетен ориз што ќе допринесе да се зголеми приходот на производителите на ориз и ќе се подобри пласманот на овој земјоделски производ на регионалните и меѓународните пазари.

Исто така, истакна министерот Димовски, на вчерашните средби со министерот за храна, земјоделство и сточарство, г. Мехди Екер и министерот за шумарство и водостопанство, г.Вејсел Ероглу договоривме многу активности,  а дел од нив ќе се реализираат токму преку ТИКА. 
Министерот Димовски рече дека веднаш по неговото враќање во Скопје, работните групи составени од експерти од областа на пожарите, пошумувањето и водостопанство ќе заминат во Турција, за во најкраток можен рок  се започне со реализација на договорените активности. И се разбира ТИКА која ќе спроведува дел од активностие треба да биде во тек и од нашето министерство за земјоделство редовно да добива информации за текот на активностите. 

На крајот од средбата претседателот Чам и министерот Димовски се согласија дека храната станува се позначајна со оглед на прогнозите дека за кратко време на планетата ќе живет 10 милијарди  жители, а земјоделките површини се ограничени па наша заедничка обврска е да произведувме повеќе здрава и квалитетна храна.