СООПШТЕНИЕ

Дата на објава: 
7 Мај 2013

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сите производители на вино (винарски визби) од Република Македонија дека согласно одредбите од

Законот за виното („Службен весник на Република Македонија“ бр. 50/10, 53/11, 6/12 и 23/13) и Правилникот за формата и содржината на Извештајот за исполнети финансиски обврски за купено винско грозје во претходната година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 54/13), се должни секоја година најдоцна до 30 април во тековната година да достават до  министерството извештај за претходната година за исполнување на финансиски обврски за купено винско грозје.

 

За целите на заштитата на интересите на производителите на винското грозје (лозарите), стабилизирање на пазарот и намалување на тензиите во договорните односи помеѓу чинителите во синџирот за производство на вино, министерството ги повикува винарските визби да ги подмират своите обврски кон лозаропроизводителите за откупеното грозје во претходните години и за истото да го достават Извештајот до министерството.

 

Во спротивно, министерството ќе ги преземе сите правни механизми предвидени со законот и ќе изрече глоба во износ од 2.500 до 5.000 евра во денарска противвредност на правното лице кое нема да го достави навремено извештајот, како и глоба во износ од од 600 до 1.000 евра во денарска противвредност на одговорното лице во правното лице (член 60). Покрај ова, производителот на вино ќе биде избришан од Регистарот на производители на вино доколку достави невистинит извештај или истиот воопшто не го достави (член 30-а). Конечно, согласно член 59-в од засконот, одговорното лице на производител на вино ќе се казни за кривично дело со казна затвор од една до пет години доколку достави невистинит Извештај за исполнети финансиски обврски за купено винско грозје во претходната година.

 

 

ДОКУМЕНТИ:

Закон за виното (консолидиран текст - неофицијална верзија):

http://www.mzsv.gov.mk/files/zakon_za_vinoto.pdf

 

Линкот до формата и содржината на Извештајот е во ДОКУМЕНТИ\формулари:

http://www.mzsv.gov.mk/files/Izvestaj_za_finansiski_obvrski_za_kupeno_vinsko_grozje.pdf

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО,

ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО