Потпишан протокол за соработка помеѓу министерствата за земјоделство на Република Македонија и Унгарија

Дата на објава: 
16 Април 2013
3688.JPG

Министрите за земјоделство, на Република Македонија и на Унгарија, Љупчо Димовски и Сандор Фазекаш денес во Будимпешта одржаа билатерален состанок на кој се разговараше за можностите за соработка меѓу двете земији во областа на земјоделството.

Министерот Фазекаш, го информираше министерот Димовски дека од последната нивна средба во ноември минатата година имале многу активности и настани. Во февруари биле домакини на Федерацијата на фармери на Република Македонија а минатиот месец во Будимпешта се сретна и мешовита комисија која работи во рамки на договорот за економска соработка помеѓу Владата на Унгарија и Владата на Република Макдонија.

Министерот Димовски истакна дека земјоделството ги зближува луѓето, најверојатно поради храната.Тој кажа дека 95 проценти од законодавството од областа на земјоделството го имаме хармонизирано согласно барањата на ЕУ, веке 4 години добиваме позитивна оцена и тоа ни дава дополнителен мотив да работиме уште подобро.

На тоа министерот Фазекаш истакна дека Унгарија целосно ја поддржува Република Македонија во процесот за приклучување кон ЕУ, не само од геостратешки аспект, туку и како пријатели. Успехот на македонското земјоделство е огромен и е за секоја пофалба за многу кратко време да обезбеди толку многу вработувања. Од нашето исуство сакам да ви напоменам дека посебно треба да се обрне внимане посебно да се работи со преработувачките капацитети пред да почнат преговорите. Тоа нашите преговарачи не го знаеја тогаш – истакна Фазекаш.

Министерот Димовски рече дека Унгарија веке го има изодено патот за членство во ЕУ, кој сега ние го одиме. Добро е да се учи од туѓите искуства. Добро е да се има пријатели, кои навремено ке сигнализираат во кој правец треба да се решаваат ситуациите.

Како и во Република Македонија и Унгарија оваа пролет имала големи проблеми со поплавување на земјоделските површини. Поради обилните дождови дошло до покачување на подземните води со што биле поплавени 200.000 ха. Успешно се справуваат со проблемите со поплавите и министерот Фазекаш ни понуди експертска помош за овој проблем.

Исто така министерот Фазекаш се интересираше и за проблемот со афлатоксинот во млекото и сточната храна. Министерот Димовски ја образложи ситуацијата во нашата земја и истакна дека успешно се справивме со неа.

На крајот од средбата двајцата министри заклучија дека имаме многу области за соработка, и дека ке продолжиме со исто темпо.

По завршувањето на средбата а со цел да се унапреди, зајакнe и прошири соработката во областа на земјоделството помеѓу Република Македонија и Унгарија се потпиша Меморандум за разбирање  меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република  Македонија и  Министерството за рурален развој на Унгарија за соработка во областа на земјоделството и руралниот развој. Во Меморандумот се дефинирани следните области на соработка:

 

-       поддршка од унгарската страна на  евро - интеграциските процеси во областа на земјоделскиот и руралниот развој,

-       размена на научни и технички информации и документација

-       размена на искуства во областа на здравјето на растенијата, понатаму во областа на регистрација на растителните видови, , во областа на управување со шумите, стопанисување со водите и наводнувањето, понатаму во областа на управување, преструктуирање на земјишните парцели, особено на полето на создавање земјоделско земјиште во државна сопственост потребно за јавни цели, консолидација на земјоделското земјиште во однос на руралниот развој, активирање на неискористеното и неатрактивното земјоделското земјиште во државна сопственост, областа на геодетските и картографски активности и  во полето на идентификација.