- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Заклучоци од состанокот на министрите одговорни за земјоделство и храна од Југоисточна ЕвропаДата на објава: 5 Април 2013Денес во Сараево, Босна и Херцеговина се состанаа министрите задолжени за земјоделство и храна и лидерите на делегациите од земјите од Југоисточна Европа под заедничка организација на Министерството за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина и Постојаната работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа (SWG). Како претставник од Република Македонија беше амбасадорот на република Македонија во Босна и Херцеговина Рами Реџепи. Поради присуството на покачени нивоа на афлатоксин во пченкатa кoja се користи за добиточна храна и како резултат на тоа, зголемени нивоа на афлатоксин во млекото и млечните производи, министрите задолжени за земјоделство и храна и лидерите на делегациите од земјите од Југоисточна Европа дискутираа за потребните мерки за контрола на нивото на афлатоксин во млекото и млечните производи, меѓу кои: Воспоставување на комуникација помеѓу институциите на земјите од Југоисточна Европа кои се занимаваат со проценка на ризик, управување со ризик, контрола на квалитет и тестирање на добиточна храна и прехранбени производи Размена на информации во врска со механизмите за контрола на безбедноста на добиточната храна и прехранбени производи Завземање на заеднички став во превземање мерки и подготовка на акционен план за подобрување на комуникацијата и координацијата на нашите министерства. Потоа да се воспостави регионална група од експерти која ја сочинуваат контакт лица со мандат да разговараат за прашања поврзани со микотоксини, со цел: Исто така беше договорено да се воспостави детален систем на комуникација и размена на информации помеѓу релевантните институции од Југоисточна Европа и да се нагласи важноста на превземањето превентивни мерки кај производителите и преработувачите на храна вклучувајќи и воведување и примена на добри земјоделски практики, добри хигиенски и ветеринарни практики, вклучувајќи ги и HACCP принципите. На крај присутните заклучија дека треба да се воспостави протокол усогласен со ЕУ со кој ќе се дефинира како да се постапува со заразената добиточна храна. |