- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Дополнителна надградба на системот за идентификација на земјишни парцелиДата на објава: 14 Март 2013Со 730 илјади евра, средства од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европската унија, ќе се надоградува системот за идентификација на земјишни парцели. Со него ќе и се помогне на државата поефикасно да ја спроведува програмата за финансиска поддршка во земјоделството, директните плаќања, како и програмите за рурален развој, а од друга страна земјоделците ќе добијат поедноставен и посигурен процес на аплицирање за субвенции. Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, со системот за идентификација на земјишни парцели ќе се ограничи можноста за неправилно внесување на податоците при процесот на апликација за финансиската поддршка. - Еден од клучните подсистеми на Интегрираниот систем за администрање и контрола, покрај останатите, е Системот за идентификација на земјишни парцели, базиран на компјутеризиран географски систем на инфомации. Овој систем овозможува графички преглед на земјишните парцели, со што се ограничува можноста за неправилно внесување на податоците при процесот на апликација за финансиска поддршка, рече министерот Димовски на денешното официјално започнување на проектот за надградба на системот. Амбасадорот на Европската унија Аиво Орав, кој присуствуваше на официјалниот старт на проектот, истакна дека земјоделството е важен сектор за социо-економскиот развој и вработувањата во една држава и најави дека Европската унија ќе продолжи со поддршката на овој сектор и во следните години. - Земјоделството е еден од најтешките делови во преговорите за пристап кон Европската унија. Тој е еден од најтешките подрачја од законите на Европската унија кога станува збор за нивна имплементација. Станува збор за важен сектор за социо-економскиот развој и за вработувањата во една земја. ЕУ ќе продолжи да обезбедува значителни средства за овој сектор во наредните години, рече Орав. Реализацијата на проектот е планирано да трае до јануари 2014 година. |