- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Започнува проектот за развој на производството и квалитетот на оризотДата на објава: 12 Февруари 2013Турската Агенција за соработка и координација (ТИКА), предводена од пограмскиот координатор, д-р Махмут Чевик, денeс на министерот Димовски му го претставија „Проектот за развој на производството и квалитетот на оризот“, кој на почетокот ќе го опфати Кочанскот регион.
Проектот беше резултат на повеќе состаноци одржани состаноци во координација со Турската Агенција за соработка и координација, со вработени од Министерството, Кластерот за ориз, Независниот синдикат на земјоделци и оризопроизводителите каде беше истакната потребата од техничка поддршка и искуства од турски експерти. Република Турција има развиено земјоделско производство во производството на ориз и производството на високоприносни сорти ориз. Имено, во последните 10-тина години производството на ориз на Турција го надминува европското производство. Со овој Проект се планира развој на нови високопродуктивни сорти ориз со цел подобрување на квалитетот и квантитетот на оризот во Македонија, зголемување на приходот на оризопроизводителите и подобрување на пласманот и маркетингот.
Врз основа на договорените активности за 2013 година, ТИКА изработи Протокол за соработка меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Претседателството на Турската Агенција за соработка и координација (ТИКА), кој ќе биде основа за реализација на „Проектот за развој на производството и квалитетот на оризот, кој ќе трае 2 години, во периодот 2013-2014 година.
Предвидено е Протоколот да се потпише за време на посетата на министерот Димовски во Турција, која ќе се реализира кој крајот на месец февруари. |