Министерството за земјоделство со финансиска подршка за претставување на фирмите на саемите за земјоделство

Дата на објава: 
6 Февруари 2013
IMG_0235.jpg

Согласно усвоениот план за одвивање на саемските манифестации, Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со националните организации на производители кои ги преставуваат фирмите учесници на саемите, започна со реализација на поддршката на првите саемски манифестации кои ќе се одржат на самиот почеток од 2013 година.

 

Имено, прв саем на кој ќе се претстават фирми од Македонија е саемот за свежо овошје и зеленчук „ФРУТЛОГИСТИКА“ (FRUITLOGISTIC) кој се одржува во периодот од 6 до 8 февруари 2013 година во Берлин. На саемот се застапени следните  компании од областа на свежо овошје и зеленчук: „Баџо“ ДООЕЛ експорт-импорт, ДПТУ „Туран Иван“ ДООЕЛ ехпорт-импорт, АД „Агролозар“, „Перминдекс“ експорт-иморт, „Агрокалем“ Неготино „Екооаза Самандов“ ДОО, АД „Гоце Делчев“ Тиквеш, АД „Агроплод“, „Фрута грозд“, и „Иви Пром“.

 

За претставување на овој саем Министерството за земјоделство одвои 51 илјада евра за штандот и обезбедување на простор на саемот. Следен саем на кој ќе се претстават македонски компании е саемот ПРОДЕКСПО 2013, кој ќе се одржи од 11 до 15 февруари  во Москва, со учество на  следните шест изложувачи: Винарија „Тиквеш“ – Кавадарци, Винарија „Сковин“ – Скопје, Винарија „Стоби“ – Градско, Винарија „Далвина, Струмица, Винарија „Шато Камник“ – Скопје и Винарија „Винар“ – Скопје.

 

Саемот за свежо овошје и зеленчук „ФРУТЛОГИСТИКА“ министерството за земјоделство го организира во соработка проектот на USAID за унапредување на земјоделството - АГбиз и консултанската фирма ЕПИЦЕНТАР, додека ПРОДЕКСПО 2013 е во заедничка организација на Министерството за земјоделство и македонско руската комора.