- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министрите за земјоделство се собраа на 5-тиот самит на министри за земјоделство во Берлин, ГерманијаДата на објава: 19 Јануари 2013Министерот Димовски денес присуствуваше на 5-тиот самит на министри за земјоделство, кој е дел од „Зелена недела“ Во фокусот на годинашниот Самит на министри беше прифаќањето на фактот дека земјоделството игра клучна улога во исхраната на популација која на глобално ниво сè повеќе расте и е неразделно поврзано со искоренувањето на сиромаштијата, особено во земјите во развој. Исто така се стави акцент и на тоа дека инвестирањето во одржливо земјоделство и рурален развој е од суштинско значење за да се оствари правото на соодветна храна.Исто така се потврди фактот дека глобалното затоплување и десертификацијата, како и урбанизацијата на земјоделското земјиште, негативно влијае врз производството на основни прехрамбени производи, особено во земјите во равој.
Со цел да се зголеми земјоделското производство и приходите, се потенцираше потребата за зголемување на одговорни јавни и приватни инвестиции, меѓу другото, во следниве области: одржливо земјоделство, рурален развој, управување со земјиштето и водите и руралната инфраструктура, земјоделски синџири на вредности и урбано-руралните врски, соодветен транспорт и капацитети за складирање, ефикасна био-сигурност која не ја уништува трговијата, ветеринарни и фитосанитарни контроли, како и соодветни технологии со кои особено ќе се намалат загубите и скапувањето на храната по жетвата; истражување, генерирање иновации и технологии од страна на јавни универзитети и истражувачки институции, ефикасни и оперативни служби за земјоделскиот сектор, како на пример ветеринарни услуги, одгледување на семе со најдобар квалитет за одредени региони; советодавни служби заради трансфер на технологија, за да се промовираат добрите практики во управувањето со земјоделските стопанства, и развивање нови и соодветни финансиски инструменти, наменски креирани за развој на земјоделството, вклучувајќи го и соодветно управување со ризици.
Сите заклучоци кои беа донесени на годинешниот Самит на министри беа со цел да се забрза прогресивната реализација на правата за соодветна храна. |