Успешно завршување на македонското претседателство со Постојаната работна група за регионален рурален развој на ЈИЕ

Дата на објава: 
16 Ноември 2012
163.JPG

Министерот за земјоделство, Димовски, денес, во Приштина се обрати на шестиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство на Југоисточна Европа. Состанокот го отвори и ги поздрави присутните гости премиерот на Косово Хашим Тачи, а  го водеше министерот за земјоделство, шумарство и рурален развој на Република Косово – Блеранд Ставилеци кој воедно го презема и претседавањето со SWG од својот македонски колега, министерот Љупчо Димовски.

 

Министерот Димовски истакна дека во 2012 година Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија со гордост ја имаше улогата на претседавач на Постојаната работна група за регионален рурален развој на ЈИЕ. Според министерот најзначајното достигнување на македонското претседателство е проширувањето на членството во Советот на SWG. Тој со задоволство ги информираше присутните дека Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство на Федерацијата на Босна и Херцеговина од набљудувач повторно го доби статусот на членка. Со статус набљудувачи, на SWG му се приклучија следниве институции: Федералното Министерство за земјоделство, шумарство, животна средина и водостопанство на Австрија, Федералното Министерство за храна, земјоделство и заштита на потрошувачите и Министерството за рурален развој на Унгарија. И на крајот, Секретаријатот за земјоделство и шумарство на Војводина, изрази интерес да го обнови статусот на членка во Советот наSWG.

 

Последен настан, истакна министерот Димовски, што беше организиран под претседателството на Македонија, одржан во Охрид, минатиот месец, беше Форумот за земјоделска политика 2012, настан кој има критична улога во зајакнување на развојот на земјоделството и руралните средини во ЈИЕ. Форумот 2012 беше посветен на имплементацијата на идните европски политики за земјоделство и рурален развој и нивното влијание врз земјите од ЈИЕ, но исто така се фокусираше на земјоделски практики кои водат грижа заживотната средина, климатските промени и регионалната соработка.

 

Главна цел на овој состанок, на која освен министерските делегации од регионот, присуствуваа и претставници на Европската комисија, ФАО, ГИЗ и други донаторски институции, е регионалната соработка и реформите во секторот за земјоделство и рурален развој во насока на ЕУ интеграциите и претпристапната помош. Преку дискусијата за реформите на Заедничката земјоделска политика и политиката за рурален развој на ЕУ за периодот 2014-2020, министрите подетално се навратија кон заклучоците што беа донесени на регионалниот Форум за земјоделска политика што минатиот месец се одржа во Охрид под покровителство на министерот Димовски, а тоа се пред сè стратешките предлози за идната регионална соработка во рамките на платформата на Постојаната работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа (SWG) како и соработката во регионот на Југоисточна Европа преку концептот на територијален развој