- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Средба на министерот Димовски со претставници на Мисијата на УНДП во Скопје и експерти за земјоделствоДата на објава: 14 Ноември 2012Министерот за земјоделство, Љупчо Димовски денес оддржа работен состанок со високи претставници на Мисијата на УНДП во Скопје и тим од словенски и хрватски експерти за земјоделство и рурален развој. На состанокот се разговараше за повеќе прашања од областа на земјоделството, шумарството и руралниот развој каде што УНДП понудија техничка и експертска поддршка за подготовка на секторите во процесот на ЕУ интеграции.
На состанокот министерот Димовски накусо ги информираше гостите за политиките на Владата на Република Македонија во областа на земјоделството и руралниот развој согласно Петгодишната национална програма за земјоделство и рурален развој 2013-2017 и процесот на подготовка на стратешката рамка за периодот 2014-2020.
Воедно ги истакна следниве приоритети каде што е потребна експертска поддршка од тимот на УНДП: Во делот на припрема на ИПАРД програмата 2014-2020, воспоставување на системите за акредитирање на нови ИПАРД мерки, управување со пасишта, акционен план за справување односно ублажување со последиците од климатските промени во земјоделскиот сектор, спроведување на стратегијата за консолидација на земјоделско земјиште, воспоставување на шумарскиот информативен систем, вклучувајќи шумски катастар, систем за идентификација на земјишните парцели (ЛПИС) за шумско земјиште, инвентаризација на шумите и национален информативен систем за шумски пожари, како и сертификација на шумите и поддршка за воспоставување на регистер на семе и производители на семе преку поддршка во воспоставување на систем на етикетирање на семе и саден материјал.
По состанокот со министерот експертите оддржаа состанок со претставници на секторите и управите во состав на министерството за земјоделство каде што детално се дискутираа досегашните активности во процесот на ЕУ интеграциите и идните активности. |