- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Ј а в е н О Г Л А С бр. 09/12Врз основа на член 21 од Законот за земјоделско земјиште (“Службен весник на Република Македонија” бр.135/07, 18/11, 42/11. 148/11 и 95/12), по Одлуката бр.22-10270/1 од26.09.2012 година, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува
Ј а в е н О Г Л А С бр. 09/12 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост
I. ПРЕДМЕТ НА јавниот ОГЛАС Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата за регионот Свети Николе за површина од 5353ха 95ар 46м2:
Податоците за земјоделското земјиште од овој јавен оглас (за службености и други товари, за состојбата во која се наоѓа земјиштето, катастарските податоци содржани во имотниот односно поседовниот лист) се во согласност со катастарската евиденција и увид во тие податоци за секоја површина може да се направи на огласна табла во подрачната единица во Министерството, надлежна за соодветната огласена површина или на веб страницата на Министерството www.mzsv.gov.mk . Земјоделското земјиште предмет на огласот се дава под закуп како целина. Земјоделското земјиште предмет на огласот се дава под закуп за одгледување на други земјоделски култури (житни и фуражни). Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето е15 години. Времетраењето на закупот по истекот на времетраењето на склучениот договор за закуп, може да се продолжи со непосредна спогодба за закуп за следниот период од 15 години, под истите услови кои се наведени во претходниот договор, доколку закупецот во целост ги исполнил обврските од претходниот договор за закуп.
II. ОБРАЗЕЦ ЗА УЧЕСТВО НА Јавниот ОГЛАС (ПОНУДА) Образецот за учество на јавниот оглас (понуда), може да се подигне во подрачните единици на Министерството и истиот мора да се пополни со сите потребни податоци и да се достави со потребната документација во затворениот коверт, во спротивно понудата нема да биде разгледувана.
III. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА јавниот ОГЛАС 1) Право на учество на јавниот оглас за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост, имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. 2) Физичките лица од дел III ставот 1 од овој јавен оглас, треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и/или запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства и/или да се трговец поединец на кои земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност. 3) Странските правни лица од дел III ставот 1 од овој јавен оглас, имаат право да учествуваат на јавен оглас доколку имаат регистрирано подружници во Република Македонија. 4) На домашните и странските правни лица или нивните подружници земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност или земјоделското земјиште им е потребно за вршење на научно-истражувачки дејности. 5) Право на учество на јавниот оглас и на поднесување на понуди во постапка со прибирање на понуди немаат лицата од дел III ставот 1 од овој јавен оглас, кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина по претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост. 6) Право на учество на јавниот оглас немаат правни лица за кои е отворена стечајна постапка, како и непрофитните организации.
IV. ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА ПОНУДУВАЧОТ Е ДОЛЖЕН ДА ЈА ДОСТАВИ СО ПОНУДАТА 1) Учесниците на јавниот оглас за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост во закуп се должни да достават: а) за правни лица: - понуда за износот на годишната закупнина (образец од подрачна единица на Министерството) - доказ (акт) издаден од Централниот регистар на Република Македонија за извршениот упис во трговскиот регистар или од друг надлежен орган за упис на правните лица; - доказ за намирени обврски по однос на придонеси на плати и плати за вработените (потврда издадена од Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, потврда издадена од Фонд за здравствено осигурување и уверение издадено од Управа за јавни приходи); - бизнис план кој задолжително треба да содржи: - основни податоци за учесникот ( за понудувач домашно правно лице основано од странско правно лице и податоци за основачот.
- целта за која ќе го користи земјиштето,
- применета технологија:
- број на вработени: во бизнис планот задолжително да се планира вработување на 900 вработени во првите 18 месеци, а во рок од 3 години бројот на вработени да достигне 2000 вработени.
- пазарни аспекти:
- очекувани производно-економски резултати;
- изјава (заверена на нотар) од основачите и одговорното лице во правното лице дека не биле основачи или управители на правното лице кое користело земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп, а кое не ги исполнило обврските од тој договор и - потврда од подрачна единица на Министерството дека нема обврски по однос на неплатена закупнина за користење на државно земјоделско земјиште. - банкарска гаранција за учество во постапката.
б) за физички лица: - понуда за износот на годишната закупнина (образец од подрачна единица на Министерството) - доказ за подмирени јавни давачки (уверение издадено од Управа за јавни приходи) - фотокопија од лична карта; - програма за користење на земјиштето која задолжително содржи - основни податоци за семејството, - техничко-технолошка опременост, - целта за која ќе го користи земјиштето, - пазарни аспекти – планирана инвестиција од најмалку 200.000.000 евра за период од 3 години од кои 60.000.000 евра во првите 18 месеци 70.000.000 евра до истекот на 27 месеци и 70.000.000 евра до истекот на 36 месеци. (планиран производствен капацитет за производтсво на сточна храна со капацитет од 75.000 тони годишно, планирана фарма со 20.000 грла крави и планиран производствен капацитет за производство на млеко со капацитет од 80 тони на ден) и планирани вработување на 2000 лица и тоа во првите 18 месеци 900 вработувања и во наредните 18 месеци 1100 вработување. - потврда за упис во единствениот регистар на земјоделски стопанства или решение за регистриран вршител на земјоделска дејност (издадено од подрачна единица при Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство или од фондот за пензиско и инвалидско осигурување за стекнато својство на осигуреник како индивидуален земјоделец) или доказ од централниот регистар за регистиран трговец поединец: - изјава за веродостојноста на податоците дадени со понудата заверена на нотар; - изјава заверена на нотар дека не бил основач или одговорно лице во правното лице кое користело земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп, а кое не ги исполнило обврските од тој договор - потврда од подрачна единица на Министерството дека нема обврски по однос на неплатена закупнина за користење на државно земјоделско земјиште и - банкарска гаранција за учество во постапката.
2) Некомплетни и ненавремено доставени понуди на јавениот оглас нема да се разгледуваат. Понудите во кои понудувачите во бизнис планот, односно пазарните аспекти не ги понудиле минималните услови предвидени со овој оглас нема да бидат предмет на евалуација од страна на комисијата. 3) Потребната документација се доставува во оргинал или фотокопија заверена на нотар. 4) Условите предвидени во бизнис планот (за правни лица), односно пазарните аспекти (кај физички лица) ќе бидат составен дел на договорот со избраниот понудувач како договорни обврски кои ќе биде должен да ги исполни во обемот, роковите и на начинот како што се опишани во овој оглас.
V БАНКАРСКИ ГАРАНЦИИ 5.1. Банкарска гаранција за учество во постапката Банкарска гаранција за учество во постапката се должни да достават сите понудувачи на огласот и тоа заедно со понудата. Банкарската гаранција за учество во постапката мора да е безусловна, неотповиклива и наплатлива на прв повик, како и да е во висина од 100.000 евра или соодветен износ на денари пресметани како противвредност по средниот курс на НБРМ на денот на издавање на банкарската гаранција. Банкарската гаранција за учество во постапката треба да биде со важност од 120 денови сметано од денот на јавното отворање на понудите по огласот. Банкарската гаранција треба да биде издадена од банка со седиште во Република Македонија или од странска банка, во кој случај странската банка треба да има најмалку БББ (или еквивалентен на него) кредитен рејтинг издаден од една од следните агенции за кредитен рејтинг MOODY’S INVESTORS SERVICE, STANDARD AND POOR’S RATINGS SERVICES или FITCH RATINGS. Во рок од 14 дена по склучувањето на договорот за закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост со избраниот понудувач, на неизбраните понудувачи кои учествувале во постапката им се враќа гаранцијата за учество во постапката. На избраниот понудувач банкарската гаранција за учество ќе му биде вратена после доставувањето на банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот. Гаранцијата за учество во постапката се наплатува во корист на Министетството за земјоделство, шумарство и водостопанство ако понудувачот:
5.2. Банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот Банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот должен е да достави избраниот понудувач и тоа во рок од 15 дена од денот на потпишување на договорот за закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост. Банкарската гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот мора да е безусловна, неотповиклива и наплатлива на прв повик, како и да е во висина од 5% од вкупната вредност на предвидените инвестиции во понудата на избраниот понудувач за првите 18 месеци. Избраниот понудувач, по истек на период од 6 месеци има право да бара замена на банкарската гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот со нова банкарска гаранција, која по својот износ ќе биде намалена пропорционално и процентуално за износот на реализираниот износ на инвестициите, на начин што новата банкарска гаранција ќе изнесува 5% од преостанатиот износ на инвестиции кои избраниот понудувач треба да ги инвестира во првите 18 месеци. При тоа, избраниот понудувач ќе биде должен да докаже дека износот за кој се бара пропорционално и процентуално намалување на банкарската гаранција е инвестиран од негова страна согласно условите од овој оглас и одредбите од договорот за закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост. Банкарската гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот треба да биде со важност од 1 година и 6 месеци сметано од денот на потпишувањето на договорот за закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост. Избраниот понудувач е должен најдоцна 30 дена пред истекот на банкарската гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот да достави нова банкарска гаранција со важност од 9 месеци, во висина од 5% од вкупната вредност на предвидените инвестиции во понудата на избраниот понудувач за наредните 9 месеци. Оваа должност на избраниот понудувач за доставување на нова банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот на истиот начин е повторлива и ќе трае се додека не се реализираат сите обврски на избраниот понудувач предвидени со овој оглас и со договорот за закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост.
Банкарската гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот треба да биде издадена од банка со седиште во Република Македонија или од странска банка, во кој случај странската банка треба да има најмалку БББ (или еквивалентен на него) кредитен рејтинг издаден од една од следните агенции за кредитен рејтинг MOODY’S INVESTORS SERVICE, STANDARD AND POOR’S RATINGS SERVICES или FITCH RATINGS. Банкарската гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот ќе биде активирана за наплата доколку:
Во случај на неизвршување на обврската за обновување на банкарската гаранција, договорот за закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост се раскинува. Гаранцијата за навремено и квалитетно извршување на договорот ќе му биде вратена на избраниот понудувач во рок од 10 дена по истекот на договорот или по престанување на важење на договорот по сила на законот за земјоделско земјиште, доколку ги исполнил останатите пристиганти обврски од договорот.
VI. ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДАТА Образецот за учество на јавниот оглас (понудата) се доставува во еден оригинален примерок заверен и потпишан од понудувачот. Секој понудувач може да достави само еден оригинален образец (понуда). Еден понудувач може да аплицира на површинините предмет на огласот исклучиво како една целина.. Понудите се поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневниот печат, до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - Скопје. Понудата и другата документација се доставуваат во затворен коверт на кој во горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај„, „Понуда по Оглас 09/12 за земјоделско земјиште под закуп во регион (се впишува регионот) и во средина „Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ул.Ленинова бр.2 Скопје” Ковертот не треба да содржи никаква ознака со која би можел да се идентификува понудувачот, односно испраќачот.
VII. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ 1) Комисијата врши избор на најповолен понудувач врз основа на критериумот утврден во член 25, 26 и 27 став 1 од Законот за земјоделско земјиште (“Службен весник на Република Македонија” бр. 135/07, 18/11 и 148/11), - највисока понудена годишна закупнина. 2) Почетната цена за предметното земјоделското земјиште за регионот Свети Николе изнесува годишна закупнина во висина од 120.000 евра во денарска противврденост, по среден курс на Народна Банка на Република Македонија на денот на уплатата на годишната закупнина. 3) Големината на површината на земјоделско земјиште која ке ја добие еден понудувач ке се утврди врз основа на критериумите утврдени во член 27 став 2 од Законот за земјоделско земјиште (“Службен весник на Република Македонија” бр.135/07, 18/11, 42/11. 148/11 и 95/12), и член 4 од Правилникот за поблиските критериуми за избор на најповолен понудувач на земјоделско земјиште во државна сопственост (“Службен весник на Република Македонија“ бр.12/08 и 26/12) 4) Понудите кои не се изработени според условите утврдени во јавниот оглас, ќе се одбијат како неосновани. 5) Доставените понуди по Јавниот оглас ќе бидат јавно отворени во 12 часот на 14.12.2012 година (петок). 6) Договорот за закуп на земјоделско земјиште се склучува со избраните понудувачи во рок од 30 дена по предходно уплатена закупнина за 12 месеци. 7) Доколку има две или повеќе понуди кои ги исполнуваат условите од огласот, изборот на најповелен понудувач ќе биде по пат на електронско наддавање од страна на понудувачите кои ќе ги исполнат условите од овој оглас. Почетниот износ на елекронското наддавање е висината на највискоко понудената закупнина доставена по јавниот оглас. Денот и часот на електронското надавање ќе се определи на денот на јавното отварање.
VIII. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на телефон: + 389 (0)2 313 44 77, лице за контакт: г. Ѓорѓе Дишленковиќ, електронска адреса: george.dislenkovic@mzsv.gov.mk или да ја посетат веб страницата на Министерството www.mzsv.gov.mk
|