- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
СоопштениеДата на објава: 22 Октомври 2012Владата на Република Македонија на предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе измена и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2012 година и Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2012 година. Со оваа Уредба се врши дополнување на поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средства и начинот на директни плаќања согласно Законот за изменување и дополнување на законот за земјоделство и рурален развој (Службен весник на Република Македонија бр.126/12 ) во насока на опфат на корисниците кои не го оствариле правото на директни плаќања по мерки/подмерки од годишната програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2011 година поради одбивање на барањето исклучиво заради ненамирени обврски кон Министерството и Агенцијата. Со овие измени се продолжува рокот за аплицирање до 30.10.2012 година и воедно се продолжува рокот за подмирување на обврските на корисниците до истиот термин во оваа Програма. Воедно се пропишува начинот на пресметка на висината на директни плаќања за оваа група на корисници, како и можноста за пребивање на ненамирените обврски со одобрената финансиска поддршка. Висината на финансиската поддршка на земјоделските стопанства кои не го оствариле правото на директни плаќања вклучително и дополнителните плаќања и државната помош по мерки/подмерки од годишната програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2011 година поради одбивање на барањето исклучиво заради неподмирени обврски кон Министерството и Агенцијата, се пресметува врз основа на утврдената висина на директни плаќања во оваа уредба зголемена за вкупниот неисплатен износ на директни плаќања пресметан за земјоделското стопанство согласно Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2011 година. Пресметаниот износ на финансиска поддршка согласно оваа уредба не се исплаќа на сметка на барателот доколку барателот ги нема намирено сите финансиски обврски кон Министерството и Агенцијата. Во случај кога барателот ги има исполнето сите услови и критериуми утврдени во оваа уредба, а ги нема намирено сите финансиски обврски кон Министерството и Агенцијата, ќе се овозможи меѓусебно пребивање на ненамирените финансиски обврски со пресметаниот износ на финансиската поддршка од оваа уредба, по претходна согласност на барателот, Министерството и Агенцијата. Во случај кога барателот не се согласува со пребивање ненамирените финансиски обврски со пресметаниот износ на финансиската поддршка од оваа уредба, барањето ќе биде одбиено. Доколку пресметаниот износ на финансиска поддршка согласно оваа уредба по барател е во повисок износ од износот на ненамирените финансиски обврски кон Министерството и агенцијата, по извршеното пребивање Агенцијата разликата ја исплаќа на сметка на барателот. Во случај кога барателот има ненемирено финансиски обврски кон Министерството и кон Агенцијата, прво се врши пребивање на долгот кон Министерството. Министерството доставува до Агенцијата податоци за лицата со ненамирени обврски кон Министерството. По пресметката на износот на финансиската поддршка согласно оваа уредба доколку земјоделското стопанство ги намирило обврските кон Министерството и Агенцијата, пресметаниот износ се исплаќа на сметка на барателот. |