Ќе се дават под закуп 5670 хекатри државно земјоделско земјиште

Дата на објава: 
20 Октомври 2012

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,   денеска објави оглас за давање под закуп на 5670 хекатри државно земјоделско земјиште во Струмица, Гевгелија, Делчево, Валандово, Пробиштип, Радовиш, Берово, Битола, Неготино, Крива Паланка, Штип, Крушево, Д. Хисар, Кичево, Охрид, Чаир, Кратово, Македонски Брод, Виница, Карпош, Гостивар, Тетово,

.

Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и да се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. На огласот можат да аплицираат и трговци поединци, но, услов е ним земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност. Странските правни лица имаат право да учествуваат на јавниот оглас доколку имаат регистрирано подружници во  Република Македонија.

 

Лицата кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина за претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост немаат право да учествуваат на огласот, исто како и правните лица за кои е отворена стечајна постапка. Законска можност да  аплицираат за овој оглас немаат ниту непрофитните организации.

 

Заинтересираните физички и правни лица со апликацијата, должни се да достават и понуда за износот на годишната закупнина. Понудите по овој јавен оглас заинтерситаните треба да го достават до Министреството за земјоделство,шумарство и водостопанство во рок од 20 дена од денот на објавувањето на истиот.

 

Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето со овој оглас, за подигање на маслинарници е за период до 50 години, а за подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години. За спортско-рекреативни активности и за рурален туризам, огласените површини ќе се даваат под закуп до 30 години, за рибници до 20 години. Петнаесет години, согласно критериумите во огласот, е предвидено да изнесува времетраењето на закупот на државното земјоделско земјиште за одгледување на други земјоделски култури и за ливади.

 

Заинтересираните субјекти увид во податоците за секоја површина од земјоделското земјиште кое се нуди со овој оглас можат да извршат на огласна табла во подрачната единица во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство во Гевгелија, која е надлежна за огласената површина.

 

Образецот за учество на јавниот оглас заинтерсираните субјекти може да  го подигнат во подрачните единици на Министерството.

За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на телефон: 02 313 44 77 или да ја посетат веб страницата www.mzsv.gov.mk, на  Министерството  за земјоделство, шумарство и водостопанство

Додаток за превземање: