- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Во следните пет години 700 милиони евра поддршка за земјоделствотоДата на објава: 12 Октомври 2012Зголемување на степенот на додадена вредност во земјоделството, на квалитетот и на продуктивноста е стратешката насока на најновата програма за субвенционирање што се носи за следните пет години, а предвидува вкупно 700 милиони евра поддршка. Како што изјавија вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски по денешната работна средба околу додефинирање на програмата, поддршката во наредниот период ќе се фокусира и на руралниот развој, особено на инфраструктурата.
- Добро е позната владината политика за поддршка на земјоделството. Веќе најавивме дека следната програма се проектира на пет години. Разгледуваме документ со кој ќе биде дефиниран начинот за распределба на околу 700 милиони евра што како субвенции ќе ги добијат земјоделците. Промените ќе одат во насока на зголемување на поддршката за стимулирање на квалитетот и продуктивноста, но и на руралниот развој, односно инфраструктурата, истакна Пешевски.
Според него, нашите земјоделци се познати како вредни работници кои прават квалитетни производи. Затоа и треба да им се овозможат дополнителни услови, соодветни патишта и системи за наводнување, но и да се стимулираат со цел користење квалитетен семенски материјал, современи агротехнички мерки и квалитетни ѓубрива. - Целта е постепено да се зголемува степенот на додадена вредност во земјоделството и продуктивноста, аграрот да биде со уште поголемо учество во бруто домашниот производ, напомена вицепремиерот.
Во креирањето на програмата, која е многу комплексна, се вклучени сите засегнати страни, земјоделците и нивните здруженија, науката, претставници од домашната и странската стручна јавност, експерти од Светска банка и од други држави со понапредни земјоделски политики. - Министерството во изминатиот период презема крупни чекори околу подготовката на материјалот. По додефинирање на програмата која е веќе во завршна фаза, ќе следи јавна дебата. Текстот веќе беше на разгледување пред Советот за земјоделство и рурален развој при МЗШВ од каде добивме одредени препораки што веќе се вградени во содржината, рече министерот Димовски. |