Објавен јавен повик за распределба на државно земјоделско земјиште

Дата на објава: 
4 Октомври 2012

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска објави јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост за катастарските општини:

-       Регион Прилеп, катастарска општина:  Никодин,

-       Регион Тетово, катастарска општина:  Сараќино,

-       Регион Берово, катастарска општина:  Владимирово,

-       Регион Неготино, катастарска општина:  Барово.

Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето е за подигање на долгогодишни насад (лозја, овоштарници, хмељ) за период до 30 години;

 

Големината на површината на земјоделско земјиште која ке ја добие еден понудувач ке се утврди врз основа на неколку дефинирани критериуми во огласот, а кои се утврдени со Законот за земјоделско земјиште како што се минимално материјално – техничка опременост на понудувачот, бројот на планирани вработувања според бизнис планот и тоа:

- за површини до 50 хектари - најмалку 1 трактор од лесна категорија (до 80 kw) и најмалку еден планиран вработен во редовен работен однос;

- за површини до 100 хектари – најмалку 2 трактори од лесна категорија или најмалку 1 средна (од 80 kw – 120 kw) и најмалку 2 планирани вработени во редовен работен однос;

-за површина до 150 хектари - најмалку 4 трактори од лесна категорија или најмалку 2 средна или најмалку 1 тешка  (над 120 kw) и најмалку 4 планирани вработени во редовен работен однос;

- за површина над 150 хектари бројот / капацитетот на механизација сразмерно да расте со големината на површината која ке се обработува и на секој 50 хектари планирано по еден вработен во редовен работен однос

За докажување на материјално техничката опременост секој понудувач е должен да достави соодветен доказ (сообраќајна дозвола, фактура, договор за купопродажба заверен на нотар, правосилна судска одлука или акт на друг надлежен орган) и во постапката ке се цени само материјално техничката опременост на понудувачот за кое има доставено ваков доказ

Најнискиот износ на годишна закупнина по хектар кој можат да го понудат заинтересираните понудувачи е просечната годишна закупнина во регионот за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп постигната во последните три години.

Најнискиот износ на годишна закупнина по хектар кој можат да го понудат заинтересираните понудувачи за:

-       Регион Прилеп, изнесува 4.300,00 денари

-       Регион Тетово, изнесува 10.700,00 денари

-       Регион Берово, изнесува 2.700,00 денари

-       Регион Неготино, изнесува 6.800,00 денари

Образецот за учество на јавниот оглас (понуда), може да се подигне во подрачните единици на Министерството.Право на учество на овој јавен оглас  имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност, да се запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства или да се регистрирани како  трговец поединец. На заинтересираните субјекти, земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи треба да им е претежна дејност, или да  им е потребно за вршење на научно-истражувачка дејност.

Странските правни лица имаат право да учествуваат на јавниот оглас доколку имаат регистрирано подружници во  Република Македонија.

Право на учество на јавниот оглас немаат лицата кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина за користење на земјоделско земјиште во државна сопственост,

правните лица за кои е отворена стечајна постапка како и непрофитните организации.

Понудите за овој оглас, заинтерсираните субјекти можат да ја поднесат во рок од 15 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневниот печат.

За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на телефон: 02 313 44 77 или да ја посетат веб страницата на  Министерството  www.mzsv.gov.mk.

Додаток за превземање: