Договорно производство – партнерство за поголем успех на вредносниот синџир за преработка на зеленчук

Дата на објава: 
27 Септември 2012
9271885.JPG

Нов прирачник за Договорно производство се промовираше денеска пред производителите и останатите субјекти вклучени во секторот производство и преработка на земјоделски производи.

Прирачникот има за цел да ја подобри веќе воспоставената соработка меѓу фармерите и преработувачите и да придонесе за зголемена конкурентност но и постабилни приходи за сите учесници во овој вредносен синџир.

Според министерот Димовски посветеноста на Министерството за земјоделство во интегриран развој на вредносните синџири, подобрување на конкурентноста на земјоделскиот сектор и стабилизирање на приходите на земјоделците, ја потврдува и преку носење и доследно спроведување на законски и подзаконски одредби кои го регулираат договорното производство и неговото доследно имплементирање.

Исто така, дополни министерот, со цел зајакнување на меѓусебната директна соработка помеѓу преработувачката индустрија и нивните кооперанти, добавувачи на потребните суровини за преработка, Министерството, веќе неколку години во годишните програми за директна поддршка вклучува и дополнителни субвенции за количините на зеленчук предадени во преработувачките капацитети.

Брошурата се изготви во партнерство со Фондација – Агроцентар за едукација (АЦЕ), Федерацијата на фармери на Република Македонија (ФФРМ) и со силна поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) на Р. Македонија.

Во процесот на имплементација на оваа активност, учествуваа повеќе од 400 фармери од неколку производни региони беа поддржани во склучување на договори за производство и откуп на различни земјоделски производи за преработка (пиперка, цвекло, модар патлиџан) со осум компании – преработувачи на зеленчук. Производството како и процесот на договарање и исполнување на обврските од договорите беа континуирано следени од група на назначени технички лица, тимот на ФФРМ и експерти - специјалисти за производство и заштита на зеленчук, кои во голема мерка придонесоа кон зголемување на довербата и желбата за продлабочување на соработката меѓу договорните страни во иднина.