Министерот Димовски ја следеше презентацијата за ИПАРД програмата во Битола

Дата на објава: 
19 Ноември 2009

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, попладнево во Битола ја следеше презентацијата на ИПАРД-програмата со цел да се увери во големиот интерес кој го имаат земјоделците за оваа европска можност за македонското земјоделство.

 

Министерот Димовски истакна дека средбите со земјоделците, но и со граѓаните заинтересирани за користење на предпристапните фондови на Ебропската унија се максимално посетени и ефикасни. Тој изрази задоволство од релизацијата на првата фаза од промотивната кампања за ИПАРД Програмата и најави дополнителна активност на терен и средби со фармерите со цел детално да им се презентираат условите и начинот на аплицирање за користење на ИПАРД фондовите.

 

Дополнителната едукација на фармерите според министерот Димовски ќе се врши во соработка со земјоделските здруженија и асоцијации. Тој информираше дека во првата половина на месец декември ќе биде објавен првиот оглас за користење на парите од предпристапните фондови, а по него уште два - мај и ноември 2010 година за користење на 60,7 милиони евра од ИПАРД програмата.