- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Димовски во посета на „Дим Комерц“ Валандово и „Баџо“ од БогданциДата на објава: 5 Јули 2012Министерот за земјоделство, шумарство и водостопантво Љупчо Димовски денеска беше во работна посета на Валандово и на Богданци. За време на посетата министерот ги посети извозно ориентираните производствено преработувачки капацитети „Дим Комерц“ Валандово и „Баџо“ од Богданци.
Со сопствениците на фирмите, министерот Димовски разговараше за актуелните прашања кои ги засегаат сите компании во преработувачкиот сектор, за новите владини мерки во делот на земјоделството, за условите на работа и особено за поддршката што овој сектор ќе ја добие од Владата во заедничкиот маркетинг настап на странските пазари. Според министерот радува фактот што овој сектор се повеќе се развива и го заокружува процесот од примарно производство, па се до конзервирање и извоз.
„Министерството за земјоделство и Владата на Република Македонинја посветуваат особено внимание на сите компании кои се во делот на преработувачкиот сектор. Сметаме дека овој сектор е исклучително битен воопшто за целото македонско земјоделство, особено за производителите на градинарските култури. Сектор кој што гради интензивно кооперантси односи со сите примарни земјоделски производители и сектор кој што фактички го насочува производството кон извоз“ истакна министерот Димовски.
Според него овој сектор меѓу другото претставува и катализатор за произведените пазарни вишоци на земјоделски производи кои во одреден период пазарот не може да ги апсорбира. Токму затоа е важно постојано да му се посветува внимание со цел да се надминат сите досегашни бариери во неговиот понатамошен развој.Посебен акцент во наредниот период преку програмите за финансиска поддршка во земјоделството ке биде ставен на поголемиот маркетинг и промоција на странските пазари бидејки досегашните искуства покажуваат дека потребниот квалитет и стандарди веке ги има.
Од 21 000 тони во 2001 прерабтките на земјоделски производи во домашните капацитети минатата година се зголемиле на 53 000 тони,пласирани пред се на странските пазари. Овие бројки покажуваат дека преработувачката индустрија бележи континуиран раст, а со тоа дава дополнителна вредност на земјоделскиот производ. |