- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Донирана опрема за системот капка по капка
Дата на објава: 28 Мај 2015Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, заедно со амбасадорот на САД Џес Бејли и со заменик - амбасадорката на Швајцарија Катарина Штокер, донираа опрема за системот капка - по капка на полиња со пченка кај населбата Чашка (велешко) и во селото Лопате (кумановско). Станува збор за проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија, со кој се проширува иницијативата „Да одгледаме повеќе пченка“. Според министерот Цветков, приклучувањето на овој систем носи многу придобивки за македонските земјоделци, чиј број за негово воведување во своето производство постојано расте. - Ние преку дополнителни средства ги финансираме ваквите проекти за кои годинава имаме 44 апликанти, а имаме и дополнителни средства кои земјоделците можат да ги искористат. Заинтересираноста е поради тоа што со овој систем три до четири пати се зголемува производството на пченка и сончоглед во однос на земјоделците кои не го користат ваквиот систем за наводнување и прихранување со ѓубрива, - изјави Цветков. Продолжен рокот за пријавување за субвенции за земјоделско и сточарско производство
Дата на објава: 27 Мај 2015Рокот за пријавување за субвенции за земјоделско и сточарско производство е продолжен до 30 следниот месец. Одлуката за продолжување на рокот за еден месец ја донесе Владата на синоќешната седница.
- Правиме се што е во наша можност за да им излеземе во пресрет на земјоделците и затоа го продолживме рокот до 30 јуни, - рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков по денешната обиколка на опитните полиња на „Агроунија“ и презентацијата на македонските сорти сертифицирана пченица во рамките на одбележувањето на Денот на пченицата. Цветков: Со сертифициран семенски материјал до поголеми приноси
Дата на објава: 27 Мај 2015Македонија има природен потенцијал за квалитетно и конкурентно земјоделско производство кое со примена на напредни технологии, современи техники и знаење ќе даде позитивни резултати изразени преку повисоки приноси и приходи, како и подобрен стандард на живеење на населението во руралните средини. Ова го истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков на прославата на Денот на пченицата во скопската компанија Агроунија, специјализирана за производство на сертифициран пченичен семенски материјал. - Согласно Стратегијата за земјоделство и рурален развој 2014-2020 година планираме покриеноста на домашната потрошувачка на пченица да изнесува 80 наместо сегашните 60 отсто. Постигнувањето на овие цели е условено од зголемувањето на приносот над 3.500, па и 4.000 килограми по хектар преку употреба на сертифицирано семе, примена на соодветни агро-технички мерки во дадени услови на производство и запазување наминималните услови за добра земјоделска практика и заштита на животната средина, порача Цветков. Јавен повик за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост
Дата на објава: 26 Мај 2015Влада на Република Македонија Врз основа на член 4 став 1 од Програмата за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање на одредена категорија социјално необезбедени лица (“Службен весник на Република Македонија” бр.72/2015), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува
Додаток за превземање: Известување
Дата на објава: 14 Мај 2015ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО ВРСКА СО ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА ВРШЕЊЕ СТОПАНСКИ РИБОЛОВ И ЗА ДОБИВАЊЕ УВЕРЕНИЕ ЗА РИБОЧУВАР
Се известуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да се пријават за полагање на испит за добивање уверение за рибочувар и/или за полагање на испит за добивање на уверение за вршење стопански риболов, дека е потребно да достават барање (пријава) која содржи: - Име и презиме на кандидатот, адреса на кандидатот, ЕМБГ, датум и место на раѓање и - доказ за уплатен надомест за полагање на испитот Средствата за полагање на испитот се уплаќаат на сметката на сопствени приходи на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Прашањата за полагање на испит за добивање уверение за рибочувар и испит за добивање на уверение за вршење стопански риболов, содржани во јавно достапната база, се објавени на следниот линк http://e-prasanja.mk
Прописите и литературата во кои се содржани одговорите на прашањата потребни за подготовка за полагање на испитите се:
|