Известување

Дата на објава: 
14 Мај 2015

ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО ВРСКА СО ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА ВРШЕЊЕ СТОПАНСКИ РИБОЛОВ И ЗА ДОБИВАЊЕ УВЕРЕНИЕ ЗА РИБОЧУВАР

 

Се известуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да се пријават за полагање на испит за добивање уверение за рибочувар и/или за полагање на  испит за добивање на уверение за вршење стопански риболов, дека е потребно да достават барање (пријава) која содржи:

- Име и презиме на кандидатот, адреса на кандидатот, ЕМБГ, датум и место на раѓање и

- доказ за уплатен надомест за полагање на испитот

Средствата за полагање на испитот се уплаќаат на сметката на сопствени приходи на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Прашањата за полагање на испит за добивање уверение за рибочувар и испит за добивање на уверение за вршење стопански риболов, содржани во јавно достапната база, се објавени на следниот линк http://e-prasanja.mk

 

Прописите и литературата во кои се содржани одговорите на прашањата потребни за подготовка за полагање на испитите се:

 

-       Закон за рибарство и аквакултура (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 07/08, 67/10, 47/11, 53/11, 95,12, 164/13, 116/14),

-       Правилник за големината на рибите под која не смеат да се ловат за стопански и рекреативен риболов (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 24/11 и 57/13),

-       Правилник за дозволени риболовни средства и нивната употреба за вршење стопански и рекраетивен риболов (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 24/11 и 57/13),

-       Правилник за начинот на обележување на појасот околу рибник (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 94/09),

-       Правилник за начинот на обележување на пловните објекти и пломбирањето и евидентирањето на риболовниот алат (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 54/08),

-       Правилник за начинот на вршење на рибочуварска служба, формата и содржината на образецот на легитимацијата за рибочувар, како и начинот на нејзиното давање и одземање (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 54/08) ,

-       Правилник за формата и содржината на образецот на легитимацијата за рекреативен риболов и начинот на нејзино издавање (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 162/10),

-       Правилник за формата и содржината на образецот на дозволата за рекреативен риболов и образецот за водење евиденција, начинот на водење на евиденцијата и доставување на податоците (“Службен весник на Република Македонија“ бр.162/10),

-       Риболовни основи (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/11, 145/11, 148/12, 18/13, 57/13, 20/15 и 35/15) и

-       Издадени брошури за укажување на Прва помош од релевантни институции.