|
Јавен ОГЛАС бр.05/16
Дата на објава: 21 Март 2016Влада на Република Македонија
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Врз основа на член 21-a став 1 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13, 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15 и 7/16), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува
Јавен ОГЛАС бр.05/16
за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање
1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС
Се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од 799 ха 59 ар 03 м2
Јавен ОГЛАС бр.04/16
Дата на објава: 21 Март 2016Влада на Република Македонија
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Врз основа на член 21 став 1 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15 и 7/16), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува:
Јавен ОГЛАС бр.04/16
за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари
I.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС
Се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од 695 ха 65 ар 78 м2
Јавен повик бр.01/16
Дата на објава: 21 Март 2016Влада на Република Македонија
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Врз основа на член 25-б став 1 и став 2 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13, 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15,98/15, 154/15, 215/15 и 7/16), по Одлука бр.17-3318/1 од 10.03.2016 година, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува
Ј а в е н П О В И К бр.01/16
за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште
во државна сопственост над 3 хектари
I.ПРЕДМЕТ НА јавниот ПОВИК
Македонските вина презентирани на саемот „Провајн“ во Дизелдорф
Дата на објава: 15 Март 2016Девет македонски винарии („Тиквеш“, „Сковин“, „Стоби“, „Далвина“, „Бовин“, „Камник“, „Езимит“, „Попов“ и „Сопот“) веќе трет ден се дел од најголемиот интернационален саем за вино „Провајн“, кој во периодот 13-16 март се одржува во германскиот град Дизелдорф. На македонскиот национален штанд на саемот, нашите винарии ги презентираат своите вина пред дистрибутери, увозници и други професионални купувачи на вино од целиот свет. „Провајн“ е водечки меѓународен саем за вино и алкохолни пијалоци во Европа и место на кое своите вина ги промовираат 50 вински земји во светот, а за неговата големина говори и фактот што секоја година низ штандовите на „Провајн“ минуваат 50.000 професионални посетители од целиот свет. Кога е во прашање нашето претставување, за одбележување е и тоа што во рамките на саемот на македонскиот штанд се организираа и семинари и дегустации за „Вранец“ водени од Дарел Џозеф, вински судија и промотер на вината од земјите од Југоисточна Европа.
Органското производство ќе се развива со швајцарска помош
Дата на објава: 10 Март 2016Македонија и Швајцарија ќе ги координира заедничките активности кои водат кон раст на органскиот земјоделски сектор во Македонија преку воспоставување на врска помеѓу органските производители и потрошувачите, зголемување на свеста за придобивките од органски производи и зајакнување на довербата на потрошувачите.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, и директорката на Програмата за зголемување на пазарната вработливост на швајцарската Фондација за техничка соработка, Розанди Лоу денеска потпишаа меморандум за разбирање и соработка во областа на органското производство во наредните три години.
Партнерството вклучува изработка на брошури, промотивни материјали и софтверски алатки за органско земјоделско производство, спроведување на обуки во областа на земјоделството и руралниот развој, како и создавање на услови за подобра вработливост на жените и младите лица.
|
|
|