Оддржана петтата седница на Национален Комитет за мрежа за сметководствени податоци од земјоделско стопанство
Дата на објава: 
25 Март 2016
DSC_0282.jpg

Мрежа за сметководствени податоци од земјоделски стопанства – Македонски ФАДН, почнувајќи од 2010 година, редовно, 4 пати годишно прибира податоци од репрезентативен примерок од 600 земјоделски стопанства од целата држава. Податоците од системот после нивната обработка потоа се користат за економска анализа и проценка на состојбата на ниво на стопанствата, во секторот и пазарите со земјоделски производи.

На 23.03.2016 година, Националниот Комитет за мрежата за сметководствени податоци од земјоделски стопанства ја одржа својата петтата седница на која го проследи напредокот на реализацијата на законски утврдените обврски на вклучените институции за изминатиот период и даде преглед на следните чекори.


Јавен ОГЛАС бр.06/16
Дата на објава: 
23 Март 2016

Влада на Република Македонија

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

 

Врз основа на член 21 став 1 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15 и 7/16), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува:

 

Јавен ОГЛАС бр.06/16

за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари

I.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина  од 1151 ха 31 ар 46 м2

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДАВАЊЕ НА ДИВЕЧОТ ВО ЛОВИШТАТА НА КОРИСТЕЊЕ ПО ПАТ НА КОНЦЕСИЈА ВО ЛОВНИТЕ РЕОНИ СТРУГА, ДЕЛЧЕВО И КОЧАНИ
Дата на објава: 
23 Март 2016

Врз основа на член 28 став 1 од Законот за концесии и јавно приватно партнерство („Службен весник на Република Македонија” бр.6/12, 144/14, 33/15, 104/15 и 215/15), член 36 од Законот за ловството („Службен весник на Република Македонија” бр. 26/09, 82/09, 136/11, 1/12, 69/13, 164/13, 187/13, 33/15 и 193/15), Одлуката на Владата на Република Македонија за започнување на постапка за доделување на концесија на дивечот во ловиштата во ловните реони Струга, Делчево и Кочани („Службен весник на Република Македонија“ бр.31/16)  Комисијата за спроведување на постапка за доделување на дивечот во ловиштата на користење по пат на концесија објавува

 

ЈАВЕН  ПОВИК

ЗА ДАВАЊЕ НА ДИВЕЧОТ ВО ЛОВИШТАТА НА КОРИСТЕЊЕ ПО ПАТ НА КОНЦЕСИЈА ВО ЛОВНИТЕ РЕОНИ  СТРУГА, ДЕЛЧЕВО И КОЧАНИ

Додаток за превземање: 

Завршна работилница од „Проектот за развој на живинарството во Република Македонија“
Дата на објава: 
22 Март 2016
foto 2.jpg

„Развивањето на живинарството е утврдено како еден од клучните приоритети во Националната стратегија за земјоделство и рурален развој 2014-2020, а нашата цел е до 2025 година да произведуваме 10.000 - 12.000 тони пилешко месо“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков на денешната презентација на резултатите од „Проектот за развој на живинарството во Република Македонија“, спроведен со поддршка на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации – ФАО.


ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА РИБОЧУВАР
Дата на објава: 
23 Март 2016

Се известуваат кандидатите кои го имаат положено теоретскиот дел од  испитот за добивање уверение за рибочувар (одржан на 17.03.2016 година) дека на 7 Април 2016 година, со почеток во 08:00 часот во просториите на Испитниот Центар на ул. Христо Смирненски бр.30 ламела 1, Скопје ќе се одржи полагање на практичниот дел од испитот.

На денот на полагање кандидатите задолжително да поседуваат документ за идентификација (лична карта).

 

Воедно се известуваат сите заинтересирани кандидати дека во истиот термин ќе се одржи и полагање на теоретскиот дел од вториот испит за добивање уверение за рибочувар. Барањата за полагање со потребните докази може да се поднесат до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до петок 25.03.2016 година.


Syndicate content