- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
ЈАВЕН ПОВИК за доделување на концесија на рибите за организирање рекреативен риболов на рекреативната зона „Акумулација Градче“
Дата на објава: 16 Мај 2016Врз основа на член 42 став 2 од Законот за рибарство и аквакултура (“Службен весник на Република Македонија” бр. 7/08, 67/10, 47/11, 53/11, 95/12, 164/13, 116/14, 154/15, 193/15 и 39/16) и Одлуката за започнување на постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на рекреативната зона ,,Акумулација Градче” бр. 42-1786/1 од 15 март 2016 година, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.54/16), Комисијата за спроведување на постапки за доделување концесии на рибите за организирање на рекреативен риболов на рекреативните зони формирана од Владата на Република Македонија, со Решение бр.42-3065/1 од 29.03.2016 година, објавува
ЈАВЕН ПОВИК за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на рекреативната зона „Акумулација Градче“
I ПРЕДМЕТ НА КОНЦЕСИЈА Додаток за превземање: Јавен оглас бр. 11/16
Дата на објава: 13 Мај 2016Влада на Република Македонија Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Врз основа на член 21 став 1 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16 и 39/16), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува
Јавен ОГЛАС бр.11/16 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари
1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС Се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од 1ха 48ар 38м2 и тоа за следните региони во Република Македонија Додаток за превземање: Додаток за превземање: Јавен ОГЛАС бр.10/16
Дата на објава: 12 Мај 2016Влада на Република Македонија Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Врз основа на член 21-a став 1 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16 и 39/16), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува
Јавен ОГЛАС бр.10/16 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање
1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС Се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од 36 ха 82 ар 56 м2 Додаток за превземање: Додаток за превземање: Петир, Костадиновски и Поповски посетија фарма во Прилепско
Дата на објава: 5 Мај 2016Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски и европратеничката Маријана Петир денеска ја посетија краварската фарма на Стевчо Јорданоски во прилепското село Мажучиште. Како што изјави Петир, посетата на фармата била на нејзино барање. Сакала да види како функционираат семејните земјоделски стопанства во Македонија. Европратеничката, која воедно е членка на Одборот за земјоделство и рурален развој на Европскиот парламент, порача македонските служби на локално и државно ниво да им помогнат на земјоделците и подобро да ги подготват за проектите за поголемо искористување на европските фондови. СООПШТЕНИЕ ЗА КАНДИДАТИТЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ ЛОВЕЧКИ ИСПИТ НА 11 МАЈ 2016 ГОДИНА
Дата на објава: 5 Мај 2016Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека на ден 11.05.2016 година (среда), согласно Законот за ловство - член 58 и 58-з закажа полагање на ловечки испит. Полагањето на ловечкиот испит ќе се одржи во просториите на испитниот центар „АСЕКО” ул. Христо Смирненски” бр.30, Скопје (позади Универзална Сала). На ловечкиот испит ќе бидат повикани 90 кандидати од Кратово, Струга, Кичево, Македонски Брод и Виница. Списокот со кандидатите за полагање на ловечкиот испит за 11.05.2016 (среда) година е објавен на веб-страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство www.mzsv.gov.mk/ Право за полагање имаат само кандидатите кои се објавени на списоците на веб-страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Списоците со кандидати за полагање се во додатоците за преземање. Кандидатите задолжително со себе да понесат документ за идентификација (лична карта или пасош). Додаток за превземање: Додаток за превземање: Додаток за превземање: |