Дата на објава:
2 Ноември 2013Органското производство во Македонија станува се подостапно за граѓаните и се повеќе е барано и присутно во исхраната. Бројот на органски производители во земјата е се поголем, а се зголемуваат и субвенциите за органските производители.
Според податоците на Министерството за земјоделство, бројот на органски производители минатата година достигнал 580 за разлика од пред пет години кога имало само 150 производители. Зголемени се и сертифицираните површини од 500 на 4.700 хектари.
Граѓаните денеска имаа можност да ги вкусат овие производи на Фестивалот на органска храна што го отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.
Според министерот Димовски, Македонија има голем потенцијал за развој и унапредување на органското земјоделскко производство. Владината поддршка за овој вид производство ќе продолжи, како и националната кампања за значењето на органската храна.