Новости

Отворени денови на Платежната агенција
Дата на објава: 
7 Август 2015
Pres.jpg

Околу 60 општини и 102 населени места ќе бидат посетени во рамки на претстојните Отворени денови на Платежната агенција кои почнуваат на 13 август, и ќе траат еден месец, до 13 септември.

 

Како што најави на прес-конференција заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, целта на Отворените денови за граѓаните е реализирање директни средби со земјоделците и претставниците на бизнис заедницата на кои ќе се дискутираат сите проблеми, но ќе се даваат и сугестии, предлози и идеи од нивна страна кои потоа ќе бидат разгледани и евентуално преточени во конретни мерки за подобрување на состојбите.

 

Посетите на стручните тимови ќе се одвиваат во попладневните часови за да не им се одзема времето на земјоделците.

 


Се дефинираат условите за извоз на млеко и месо од Македонија во Русија
Дата на објава: 
4 Јуни 2015
P6040033.JPG

Македонски млечни и месни производи ќе може да се извезуваат на рускиот пазар. За исполнување на барањата за да се реализира извозот, како и за создавање заштитни механизми за злоупотребите со увоз на земјоделски производи во Русија со лажни македонски сертификати, денеска е потпишан Меморандум помеѓу македонските Министерство за земјоделство и Агенцијата за храна и ветеринарство со Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Руската Федерација.

Со Меморандумот на техничко ниво треба да се регулираат ветеринарните и фитосанитарните услови и барања за домашните оператори за храна кои сакаат  да извезуваат во Русија, за што се преговара подолго време. До Агенцијата за храна досега се доставени барања за извоз од 12 оператори, кои ќе бидат подложени на инспекција од комисија од Руската федерација кон крајот на август или почетокот на септември годинава. Очекувањата се првите производи да бидат извезени до крајот на годинава.


Министерот Цветков додели договори за користење на дивечот во седум ловишта
Дата на објава: 
4 Јуни 2015
P6040059.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска ги додели договорите за користење на крупен и ситен дивеч на седум ловишта под концесија во ловните реони Делчево, Македонска Каменица, Прилеп и во Македонски Брод.

Со ловиштето „Стровија“, во следните 20 години ќе управува друштвото за лов „Баллтин Клепалл“ Црнилиште - Долнени, а концесијата изнесува  2.040.000 денари за првиот 10 годишен период.

Друштвото за услуги, трговија и промет „Петрин Лоџ“ ДООЕЛ Македонски Брод е идниот концесионер на дивечот во ловиштето „Требовље“, за 1.081.300 денари, додека ловното здружение „Саса“ од Македонска Каменица“ ловиштето „Вратиславци“ во наредните 10 години ќе го користи за лов на ситен дивеч за 270 илјади денари.

Ловечкото здружение „Острец“ - Делчево ќе стопанисува со 4 ловишта  и тоа: „Влаина“ за 656.500 денари, „Голак“ за 957 000, „Бигла“ за 518 илјади и „Киселица“ за 254.000 денари за 10 години.

Ловиштата се доделени по пат на електронско јавно наддавање.


Министерот Цветков на средба со трговци и земјоделци во Струмица
Дата на објава: 
3 Јуни 2015
P6030012.JPG

Откупот на земјоделските производи, нивната продажба и извозот, беа темите на кои денеска во Струмица разговараа ресорниот министер, производителите и преработувачите. Она што беше констатирано е дека  во моментов проблем со увоз на земјоделски производи од странство нема, но постои проблем со извозот бидејќи полека ама сигуно традиционалните пазари на кои се пласираа македонските земјоделски прозводи почнуваат да ги освојуваат и околните држави кои нудат се поквалитетно производство.

,,Времињата се менуваат, а и ние треба да се менуваме, да ги превземеме сите чекори кои што се неопходни, да ги искористиме сите средства кои што ни стојат на располагање во развој на земјоделието како во технички средства, помагала за поквалитетно производство исто така и во семенски материјал кој што ќе даде добар квалитет и добар производ“, рече Михаил Цветков - министер за земјоделство.


Повик за изразување на интерес за земјоделско земјиште за Џумајлија во Република Македонија
Дата на објава: 
9 Март 2015

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство на Р.М. објавува повик за изразување на интерес со цел закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост во Џумајлија, со површина од 4,435 ха (локација, источниот дел на Македонија). Целта на огласот е заинтересираните компании да достават писмо за интерес за инвестирање во земјоделскиот сектор.

 

Компаниите треба да достават бизнис план кој го вклучува следново:

- Износ на вкупните инвестиции;

- Опис на применетите технологии, спецификација на механизацијата, и

- Планираниот број на вработени по години;

 

Со цел да се идентификуваат заинтересирани страни, Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство на Р.М. ги поканува потенцијалните инвеститори да достават писмо за изразување на интерес.

Писмото за изразување на интерес треба да биде доставено до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во електронска форма, рок за доставување: до 22 април 2015. (За дополнителни информации, слободно контактирајте ги контакт лицата).

 

Додаток за превземање: 

Syndicate content