Владата донесе пакет одлуки за секторот земјоделство
Дата на објава: 
16 Ноември 2017

На вчерашната седницата Владата донесе неколку одлуки кои се од исклучително значење за секторот земјоделство, односно во интерес на земјоделците.

Владата донесе одлука за исплата на дополнителна субвенција од два денари за килограм предадено грозје од реколтата 2017 во македонски регистрирани винарски визби и остварено производство на грозје за сопствените потреби на визбите.

За оваа дополнителна субвенција барањата ќе може лозарите да ги поднесуваат до 25 декември.

Владата донесе одлука за дополнителна субвенција од 18.000  по хектар засеана површина со ориз. Барањата за оваа субвенција се веќе поднесени и е во тек нивната обработка од страна на Платежната агенција.


Министерот Николовски од утре во Јахорина ќе учествува на 11-от годишен состанок на министрите за земјоделство од ЈИЕ
Дата на објава: 
15 Ноември 2017

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, од утре во следните два дена во Јахорина, Босна и Херцеговина,  ќе учествува на Единаесеттиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа. Годинава состанокот е во oрганизација на Владата на Босна и Херцеговина, како земја претседавач со Постојаната работна група за регионален рурален развој во земјите од Југоисточна Европа –SWG.

 

Министрите за земјоделство од ЈИЕ и шефовите на делегациите ќе се соберат во Јахорина за да разговараат за иднината во секторите за земјоделство и рурален развој во регионот на ЈИЕ и да го елаборираат процесот на регионална соработка во тие области.

 

Во рамки на министерскиот состанок во Јахорина, ќе се разговара и за значењето на процесот на интеграција во Европската унија на земјите од Западен Балкан, како фактор на напредокот во земјоделството и руралниот развој.

 


Средба на министерот Николовски со словенечкиот министер Жидан и директорот на словенечката Платежнаta агенција Јаренко
Дата на објава: 
13 Ноември 2017
23583895_10156297383515628_1470744197_o.jpg

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски, во рамки на посетата на владината делегација предводена од премиерот на Владата на РМ Зоран Заев, во Љубљана, Р. Словенија, имаа средба со  словенечкиот министер за земјоделство Дејан Жидан и директорот на словенечката Платежна агенција Бенедикт Јаренко.

На средбата министрите и директорите разговараа за моменталните проекти и активности кои се од голема важност за македонското земјоделство, како што е ЛИДЕР Програмата, формирањето на Локалните акциски групи, како и јакнење на капацитетите на македонската Платежна агенција.

На средбата министерот Жидан и директорот Јаренко, ја повторија нивната заложба за експертска и техничка помош во делот на зајакнување на советодавната служба на македонската Платежна агенција.


Со окрупнување на земјоделското земјиште до продуктивно и конкурентно земјоделско производство
Дата на објава: 
9 Ноември 2017
fao 1.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, присуствуваше на третата регионална работилница на ФАО за консолидација на земјоделско земјиште, што се одржа во Струмица. Проектот „MAINLAND“, финансиран од Европската Унија, го споведува Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Целта на работилницата беше  да се зголеми локалната свест и разбирање за придобивките од консолидацијата на земјоделско земјиште за земјоделците и сопствениците на земјоделско земјиште. Консолидација на земјиштето е комплексен процес што треба да ги мотивира земјоделците да ги решаваат имотно-правните проблеми заради зголемување на конкурентноста на земјоделското производство и подобрување на условите за живот во руралните средини со одржливо користење на природните ресурси.

Окрупнувањето на земјоделското земјиште е неопходен чекор за развој на македонскиот аграр, посочи министерот министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.


Македонија и Чешка ќе работат на унапредување на трговијата со земјоделско-прехрамбени производи
Дата на објава: 
10 Ноември 2017
23472170_2060284837526378_4201734251080361493_n.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска имаше средба со новоименуваниот амбасадор на Република Чешка во Република Македонија, Мирослав Томан. На средбата се разговараше за идните конкретни активности за унапредување на билатералната соработка во областа на земјоделството меѓу девте земји.

Министерот  Николовски, истакна дека во периодот што следува е многу важна поддршката на македонските институции во процесот на прилагодување кон Европската унија и  во искористување на  претпристапните фондови од ЕУ за земјоделство и рурален развој.

Беше предложена иницијатива за потпишување на Меморандум за разбирање меѓу двете министерства каде ќе се утврдат областите на заеднички интерес и формите на идната соработка.


Syndicate content