- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
СоопштенијаОрганизирана обука за новинари на тема „Принципи и правила за спроведување на ИПАРД фондови“
Дата на објава: 1 Април 2012Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој (CeProSARD), во изминатите два дена во Битола организираше обука за медиуми на тема „Принципи и правила за спроведување на ИПАРД фондови“.
Првиот дел на обуката содржеше посета на реализирани Ипард инвестиции, при што се посетија Фрутема ДООЕЛ и Млекара Штип ДОО. Фрутема ДООЕЛ е лоцирана во с. Сопот, локација Попаша и Свети Јован, Кавадарци. Се занимава со производство на трпезно грозје, кајсии, сливи и цреши и нивна продажба на домашниот и странскиот пазар. Со средства од ИПАРД Програмата корисникот набави систем за наводнување капка по капка и приклучна механизација за внатрередова обработка.
Соопштение
Дата на објава: 21 Март 2012Во врска со објавените Јавни конкурси во Службен весник на Република Македонија број 35 од 14 март 2012 година, во дневните весници Вечер и Коха на ден 13.03.2012 година и на WEB страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информираме дека согласно дел 4 точка 4.6. Комисијата за спроведување на постапката ја изработи тендерската документација.
Од 21.03.2012 година заинтересираните понудувачи тендерската документација може да ја подигнат, во архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, секој работен ден од 9 до 16 часот. При подигање на тендерската документација во архивата треба да се остават податоци за називот и седиштето на понудувачот, како и контакт телефон.
Согласно тендерската документација, прилогот Риболовна основа може да се преземе од web - страницата на Министреството за земјоделство,шумарство и водостопанство www.mzsv.gov.mk. Додаток за превземање: Додаток за превземање: Додаток за превземање: Додаток за превземање: Продолжува успешната соработка помеѓу Македонија и Турција во областа на земјоделството
Дата на објава: 16 Март 2012Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, денска се сретна со амбасадорот на Р.Турција НЕ Ѓурол Сокменсуер и министерот без ресор г.Хади Незир. На средбата стана збор за соработката во областа на земјоделството со посебен акцент на трговската размена на земјоделски производи помеѓу двете земји.
Министерот Димовски и министерот Незир го информираа амбасадорот дека во текот на минатата недела се сретнаа со претставници на повеќе турски компании меѓу кои и турската компанија Суташ. Претставниците на компаниите земаа примероци од земјоделски производи и изразија задоволство од квалитетот на истите. Турција и Македонија имаат блиска соработка која треба и понатаму да се продлабочува.
Амбасадорот Сокменсуер им се заблагодари на министрите за прекрасните зборови кои ги кажаа за билатералната соработка и побара од министерот Димовски информација за кои земјоделски производи сме подготвени да ги извезуваме и кои количини.
Димовски и Коњановски се сретнаа со Самостојниот синдикат на индивидуални производители на Македонија
Дата на објава: 15 Март 2012Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, заменик министерот Зоран Коњановски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство одржаа работен состанок со претставници на Самостојниот синдикат на индивидуални производители на Македонија. На состанокот претставниците од синдикатот ги изнесоа своите барања, но, во најголемиот дел се дискутираше за состојбата со откупот на оризот. Од состанокот произлегоа неколку заклучоци меѓу кои и: Министерството за земјоделство, заедно со претствници од производителите на ориз и претставници на откупувачите да во најкус можен рок да изработат правилник за откуп на ориз во кој ќе бидат заштитени интересите и на производителите и на откупувачите. Производителите на ориз да користат сертифициран семенски материјал со кој ќе го подобрат и квалитетот и квантитетот на оризот.
Средба на Министерот Димовски со делегација на турските компании „Атешоглу” и „Алутек“
Дата на објава: 15 Март 2012Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, денеска по втор пат се сретна со делегација на турските компании „Атешоглу” и „Алутек“ предводени од г. Мустафа Атешоглу и г. Ерол Акмерт. Првата средба се одржа во Истанбул за време на посетата на Турција на високи владини претставници од Р. Македонија.
На средбата се разговараше за можностите за нивни инвестиции во Р. Македонија во областа на аграрот.
Директорот на „Алутек“, г. Ерол Акмерт, му се заблагодари на министерот Димовски за целокупната поддршка што ја добиле од државните институции.Тој рече дека во изминатите неколку дена оствариле средби со повеќе претставници од Владата на Р. Македонија и изрази огромно задоволство од можностите што нивните компании ги имаат за инвестиции во Македонија. Тој истакна дека имаат три проекти за инвестирање во земјоделството и тоа: - инвестиции во одгледување на црна цреша во Р.Македонија - инвестиции во одгледување на крупен добиток и - производство на млеко и млеко во прав.
|