Проект за оценка на влијание на субвенциите и ИПА поддршката во земјоделскиот сектор
Дата на објава:
26 Јуни 2018Денеска, во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство се одржа презентација од страна на европски експерти во секторот за земјоделство и рурален развој на тема „Проектот за оценка на влијание на субвенциите и ИПА поддршката во земјоделскиот сектор”.
Проектот е финансиран од Европска унија,а се спроведува на барање на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство. Истражувањето е правено заклучно со 2016 година.
Според анализата субвенциите дале најголем ефект во сточарството, кај фармите кои одгледуваат добиток и произведуваат сточна храна, додека за другите сектори државата треба да воведе дополнителни, но и поинакви мерки.
Анализата покажала и дека податоците за обработливото земјиште од различните бази на податоци не се совпаѓаат, а некои површини и воопшто не се регистрирани.