Дата на објава:
2 Декември 2009Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, продолжува со кампањата за претставување на ИПАРД програмата.
Утре четврток, 3.12.2009 година, во 13 часот, во Стопанска комора на Македонија, ќе се одржи состанок со Групацијата на преработувачи на месо.
Во Делчево и Берово, Телото за управување ИПАРД ќе одржи информативен ден за заинтересираните земјоделци и компании од агросекторот .
Во Делчево, претставувањето на ИПАРД програмата ќе се одржи во Спомен домот на АСНОМ со почеток во 10 часот, а во Берово во 14 часот во просториите на општината.
ИПАРД инфо деновите продожуваат во петок, 4.12.2009 година, во Арачиново и во Чучер Сандево.