Набавка на ушни маркици за Управата за ветеринарство
Дата на објава: 
5 Февруари 2010

Проектот за зајакнување на земјоделството и пристап кон ЕУ објавува оглас за набавка на ушни маркици за потребите на Управата за ветеринарство.

Набавката е деллива и може да се достави понуда за еден или за два lot-a.

LOT1: Ушни маркици за говеда

Ставка 1: Пар на ушни маркици - 50.000

LOT2: Ушни маркици за овци и кози

Ставка 1: Индивидуална идентификација со две ушни маркици - 1.000.000
Ставка 2: Индивидуална идентификација со една ушна маркица - 100.000
Ставка 3: Групна идентификација - 300.000

Краен рок за доставување на понудите е 22 март 2010 година, до 13:00 часот на адресата по број 2 наведена во додатокот.


Средба на министерот Димовски со производителите на јаболко
Дата на објава: 
4 Февруари 2010
Sostanok so Jabolkari ffrm 004.jpg

Mинистерстерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска оствари работна средба со здружението на јаболкопроизводители од Ресен и Федерацијата на фармери на Р.Македонија.На состанокот министерот Димовски ги информираше јаболкопроизводителите за преземените мерки и интензивните контакти со министрите за земјоделство во регионот кои придонесоа да не дојде до прекин на пласманот и на откупот на јаболкото. На барањето да се исплати премија од 4 денари за килограм јаболко за просечен принос од 40 тони по хектар беше посочено дека во Програмата за финансиска поддршка на земјоделството во оваа година не е предвидена таква поддршка,но може да се направат измени во Програмата,односно предвидените средства за подигнување на нови овошни насади да се префрлат во мерката за субвенционирање на овоштарството по хектар.Со оваа измена неместо сегашните предвидени средства од 18 000 денари по хектар овоштарите би добиле околу 40 500 денари за хектар овошен насад.


Набавка на возила за ИПАРД платежната агенција
Дата на објава: 
4 Февруари 2010

Проектот за зајакнување на земјоделството и пристап кон ЕУ објавува оглас за набавка на возила за Агенцијата на финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој.

Додаток за превземање: 

Пчеларите задоволни од состанокот во Министреството за земјоделство
Дата на објава: 
3 Февруари 2010
Sostanok so pcelarite 021.jpg

Зголемен број на пчелни семејства, но и на лица кои се занимаваат со пчеларство како примарна и како дополнителна дејност. Ова е резултат на правилно насочените субвенции за поддршка на овој вид сточарско производство,беше кажано на денешниот работен состанок во министерството со претставниците на пчеларските здруженија.Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски, информира дека минатата година од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, на пчеларите им биле исплатени повеќе од 76, 4 милиони денари, наспроти 54 милиони денари во 2008 година.


Седница на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство
Дата на објава: 
3 Февруари 2010

Собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство даде зелено светло за второ читање на Предлог законот за изменување на Законот за тутун и тутунски производи. Членовите на Комисијата расправаа и по амандманите поднесени по предлог-законите за ветеринарно-медицински препарати, како и за именување и дополнување на Законот за пасишта во второ читање.


Syndicate content