Дата на објава:
11 Февруари 2010На иницијатива на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а во соработка со Холанската агенција за развој - СНВ, денеска се одржа работилница за функционирањето на постојниот модел на управување со дивечот во Република Македонија. На состанокот со кој претседаваше заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски, присуствуваа и претставници од Шумарскиот факултет од Скопје, членови на Ловечката федерација на Република Македонија, како и претставник од Јавното претпријатие ,, Македонски шуми,, од секторот ловство и ловен туризам.