- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
ПОСТАПКА БР. 26-5348/2/2010
Дата на објава: 5 Мај 2010ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА УСЛУГИ НАПОМЕНА: Се известуваат економските оператори кои што ќе подигнат тендерска документација од веб страната на МЗШВ дека по превземањето на истата треба да испратат потврда зa превземањето на следната адреса: goran.dimoski@mzsv.gov.mk Додаток за превземање: Јавен ПОВИК за општи мерки
Дата на објава: 5 Мај 2010
ЈАВЕН ПОВИК
за доделување на финансискa поддршка на проекти од областа на растително и сточарско производство и за реализација на дел од општите мерки
Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за мерките:
1.1. Финансиска поддршка за научно-истражувачки и апликативни проекти од областа на растителното (вклучително тутунското) и сточарското производство и органското производство преку поддршка на изработката на предлог проекти и имплементација на проект. Додаток за превземање: Успешно реализирана УСАИД програмата за македонските агробизниси
Дата на објава: 4 Мај 2010Вкупно 28, 5 милиони долари извоз, 7,6 милиони долари инвестиции во приватниот сектор и дополнителен приход за повеќе од 10 илјaди домаќинства е резултатот од проектите за деловен развој реализирани изминативе 18 месеци со поддршка на АгБиз програмата на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).
- Од 2007 година наваму им помогнавме на 180 агробизниси да го зголемат својот капацитет и да станат поконкурентни на регионалните и светските пазари. Техничка помош, пристап до финансиски средства, подобрени врски меѓу производителите, преработувачите и продавачите, работилници, конференции, саеми и студиски посети, беа само дел од спроведените активности, рече амбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер на денешната презентација на резултатите од проектите.
Според него, македонскиот земјоделски сектор кој генерира речиси 16 отсто од бруто-домашниот производ во земјата и вработува 25 проценти од населението, се уште има доволно простор за развој и освојување нови пазари. СООПШТЕНИЕ
Дата на објава: 3 Мај 2010Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска се сретна со Хаим Дивон, амбасадор на Израел за Република Македонија и директор на Центарот за меѓународна соработка на Израел (MASHAV).
Министерот Димовски и Дивон контатираа дека соработката на Репблика Македонија и на Израел е на високо ниво, но, на полето на земјоделското производство таа може да се продлабочува и тоа преку организирање на израелска експертска обука за одделни земјоделски сектори.
За да има евидентен напредок во развојот на земјоделското производство, важно е констатираа министерот Димовски и израелскиот амбасадор, прво да се обединат производителите, а потоа и науката и надлежните институции на системот.
ГОЛЕМИТЕ МАРКЕТИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ПРОДАЖБА НА МАКЕДОНСКА ОРГАНСКА ХРАНА
Дата на објава: 3 Мај 2010Трговците кои што се заинтересирани за продажба на органски земјоделски производи да дефинираат за кои култури и преработки и за колкави количини за пласман се заинтересирани, а Федерацијата на производители на органски производи неопходно е да подготват листа на производи и расположиви количини за продажба.Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги прави подготовките за реализација на национална кампања за промоција на органското производство во Република Македонија. Ова се заклучоците од неодамна одржаниот состанок во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство меѓу претставниците на големите супермаркети и Федерацијата на органски производители.
|