|
Министерот Димовски се сретна со претставници на меѓународната фондација,,Slow Food,,
Дата на објава: 26 Јули 2010,,Република Македонија има одличен природен потенцијал за развој на земјоделството, особено на традиционалното производство кое се бара на странските пазари. Предничи традиционалното сточарско производство, чии млечни, традиционално произведени преработки, преку мрежата на ,, Слоу фуд, ,, ќе го трасираат патот за промоција и продажба на европскиот пазар.,, Ова е заклучокот од денешната средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со Пиеро Сардо, претседател на ,,Слоу Фуд Фондација за Биодиверзитет,, од Италија и претставници на македонската фондација ,,Слоу Фуд Шарпланинска,, членка на меѓународното здружение ,, Слоу Фуд,,.
Истекува рокот за аплицирање за субвенции за кравјо млеко предадено во млекарниците во период од јануари до април
Дата на објава: 23 Јули 20103а една недела, односно на 31 јули истекува продолжениот рок за поднесување на барање за субвенција од 2,5 денари за литар кравјо млеко за сточарите кои во период од 1 јануари до 31 април го предале млекото во преработувачките капацитети запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло. Пријавувањето за субвенции за млекото кое е продадено во млекарниците во период од 1 мај до 30 септември, ќе се врши од 5 октомври до 5 ноември.
До крајот на август земјоделските производители преку подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе можат да аплицираат и за финаниска поддршка за извршени агрохемиски и педолошки анализи на почва во 2010 година, како и за надомест за осигурување на примарно земјоделско производство од основни ризици. Со мерката за осигурување, државата субвенционира 60 проценти од полисата за осигурување на посеви и насади од дефицитарни земјоделски култури, со максимални површини по корисник.
Министерот Димовски го посети ЗК „Пелагонија“
Дата на објава: 23 Јули 2010Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски го посети Земјоделскиот комбинат „Пелагонија,, во рамки на активностите за следење на откупот на пченицата од годинешната реколта.
-Задоволен од текот на жетвата и од досега постигнатите откупни цени. Неодамна донесената мерка на Владата за стабилизирање на домашниот пазар со пченица и брашно преку врзување на увозот со откуп на доамшна пченица дава позитивни резултати. Зголемена е откупната цена за килограм пченица, која во одредени региони достигна и до 10 денари за килограм- изјави министерот Димовски по средбата со менаџерскиот тим на ЗК ,,Пелагонија,,.
Министерот Димовски се сретна со украинскиот амбасадор Хончарук
Дата на објава: 21 Јули 2010Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска се сретна со амбасадорот на Украина во Република Македонија, неговата екселенција, господин Јурии Хончарук.
За стабилизирање на македонскиот пазар со вино и испитување на можноста за извоз на поголеми количини на украинскиот пазар, министерот Димовски и украинскиот амбасадор Хончарук, се договорија со посредство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во октомври да се одржи промоција и дегустација на македоснките вина во Украина.
-Укарина е заинтересирана и за увоз на праски, кајсии, јаболка, раноградинарски производи и млечни преработки – рече министерот Димовски, но, додаде тој, мора да направиме напор, место преку посредници, македонските земјоделски производи директно да ги извезуваме на овој голем пазар.
СООПШТЕНИЕ
Дата на објава: 21 Јули 2010 Одлука за воведување на мерка за заштита на пазарот на пченица и брашно, со врзување на количините на увоз на пченица и брашно, со откуп на пченица произведена во Република Македонија
Имајќи ги во предвид дека постои опасност од сериозно нарушување на пазарот со пченица во претстојниот период кое може да ги загрози целите на националната земјоделска политика, а со цел ублажување на дисбалансот на пазарот на пченица во однос на зголемената понуда и намалување на пазарната цена под прагот на рентабилност, Владата на Република Македонија на предлог на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе Одлуката за воведување на мерка за заштита на пазарот на пченица и брашно, со врзување на количините на увоз на пченица и брашно, со откуп на пченица произведена во Република Македонија (Службен весник на Република Македонија бр.94).
|
|
|