Продолжува авиотретирањето за уништување на боровиот четник
Дата на објава: 
10 Септември 2010

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Катедрата за заштита на шумите  при Шумарскиот факултет, денеска ја продолжи акцијата за уништување на гасениците од боров четник. По авитретирањето во кривопаланечкиот регион кое на  површина од 2 илајди хекатри се реализира во почетокот на оваа недела, акцијата денеска и утре ќе продолжи во битолско.  Во овој регион, ќе биде третирана површина од  2.500 хектари во шумското стопанство ,,Кајмакчалан,, и тоа во локалитетите Бел Камен во село Снегово - Раштани, во Дрвеник, локалитетот Баба во село Лавци - Брусник.

 

Во сабота на 11 септември, со авиотреирање на гасениците од боров четник во битолаксиот регион ќе биде опфатена и заболената борова шума во Националниот парк ,,Пелистер,, поточно во локалитетите Пелистер и Вртешка.

 


Министерството за земјоделство ги спроведе ЕУ препораките од ланскиот Извештај за состојбите во аграрот
Дата на објава: 
7 Септември 2010
Minister-Naumovski 029.jpg

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во изминатиот период реализира најголем дел од мерките за прилагодување на македонската аграрна легислатива со европската. Од вкупно изготвените шест законски решенија согласно ЕУ препораките, донесени се три, за рибарство и аквакултура, за земјоделство и рурален развој и за вино, во собраниска процедура се две, за квалитет на земјоделски производи и за безбедност на храна на животни, а едно, за безбедност на храна, е на разгледување во Владата.

 

Ова денеска ресорниот министер Љупчо Димовски му го соопшти на вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски.

 

- Констатиравме дека се веќе преземени потребните мерки за најголем дел од препораките нотирани во ланскиот извештај од Европската комисија. Повеќето се од областа безбедност на храна и рурален развој, изјави Наумовски по средбата.

 


Од понеделник почнува авиотретирањето за уништување на гасениците од боровиот четник
Дата на објава: 
4 Септември 2010

Министерството за земјоделство, шуамарство и водостопанство од понеделник, 6 септември, до 5 октомври, ќе врши авиотертирање за уништување на  гасениците од боров четник. Акцијата ќе почне да се реализира во понеделник, во  шумското стопанство ,,Осогово,, од Крива Паланка, каде против овој штетник, ќе бидат третирани 2 илјади хектари борова шума.

Во понеделник и вторник, авиотретирање на површините со борова шума во кривопаланечкиот регион ќе се врши во локалитетите Паклиште - Глабочица, Петралица и Станча.

Авио третирањето ќе се врши во раните утрински или доцните попладневни часови, зависно од временските услови. За времето на третирање и евентуалното одложување на акцијата, населението и пчеларите ќе бидат информирани преку локалните медиуми. Инаку, пчеларите ќе можат да ги пуштат пчелите најмногу еден час и половина по авиотретирањето.


Министерот Димовски се сретна со новиот турски амбасадор во Република Македонија г-дин Сокменсуер
Дата на објава: 
6 Септември 2010
Minister-turski ambasador 001.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска се сретна со новиот амбасадор на Република Турција во нашава држава,  н.е. г-дин Ѓурол Сокменсуер.

 

- Република Македонија има одлична соработка со Република Турција во сите сектори, вклучително и во земјоделството. Нашите две држави ги поврзува долга заедничка историја и пријателство, оттаму е и моето задоволството што оваа година, Република Турција е земја партнер на овогодинешниот меѓународен саем за земјоделство што наскоро ќе се одржи кај нас. Радува и фактот што гостин на оваа саемска манифестација ќе биде и мојот колега, министерот за земјоделство и рурален развој на пријателска Турција, господин   Мехмет Мехди Екер – истакна министерот Димовски.

 

Амбасадорот Сокменсуер ја поздрави досегашната успешна и плодна соработка на министерот Димовски со неговиот претходник амбасадорот Аслан Хакан Окчал и  вети продолжување и продлабочување на соработката на сите полиња.


Посета на општина Свети Николе за спроведување на програмата за плодоуживање
Дата на објава: 
3 Септември 2010

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство активно работи на спроведување на мерката од последниот пакет антикризни мерки за давање на државно земјоделско земјиште на плодоуживање на невработените и социјално необезбедените лица. При вчерашната посета на општина Свети Николе и средбата со градоначалникот Роберт Ѓоргиев, заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски, истакна дека ова е една од мерките на Владата со која им се дава можност за самовработување на невработените и социјално необезбедените лица и тоа со доделување на државно земјоделско земјиште на 5 години, без плаќање на закупнина.

 


Syndicate content