Од април почнува евидентирањето на партнерите за соработка со Министерството за земјоделство
Дата на објава: 
31 Март 2011

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од 4 април ќе ја започне постапката за евидентирање на социјалните и економските партнери на Министерството, со цел воспоставување соработка заради уредување на заедничките пазари со земјоделски производи.  За социјални партнери со кои министерството за земјоделство ќе воспостави соработка, а за кои согласно Законот за земјоделство и рурален развој ќе се води евиденција, се сметаат  здруженијата на граѓани  кои се основани  за унапредување на социјалниот  интерес од областа на заштитата на животната средина, агроекологијата и агробиодиверзитетот, заштитата на природното, културното и традиционалното наследство на руралните средини, како и за заштита на интересите и улогата на младите земјоделски производители или жените земјоделки.

 


Прирачници за постбербените активности за овошје и зеленчук
Дата на објава: 
30 Март 2011
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

Македонија лани бележи историски најголем извоз на земјоделско-прехранбени производи
Дата на објава: 
29 Март 2011
Zamenik pres 29.03.2011 019.jpg

Во 2010 година, Република Македонија оствари историски највисок пласман на земјоделско-прехранбени производи на странските пазари во изминативе 20 години, со  реализиран извоз од 424 милиони евра. Како што истакна заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски на прес конференцијата во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, според податоците на Државниот завод за статистика, ланскиот извоз е за 66 милиони евра повисок од износот на извезените земјоделски производи во 2009 година.

 

-Како резултат на тоа трговскиот дефицит со земјоделско-прехранбените производи е намален за 34 милиони евра, односно за 23,5 проценти во однос на 2009 година. Во 2010 година и вкупниот обем на трговска размена изнесува 955 милиони евра во кои доминитраат примарните земјоделски производи со 70 проценти, потоа следат преработките со 25 отсто и рибите и производите со риби со учество од 1 до 3 отсто, истакна заменик министерот Иваноски.

 


Распределба на земјоделско земјиште
Дата на објава: 
25 Март 2011
Minister za rasppredelba na zemjiste 001.jpg

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на почетокот од неделава распиша јавен оглас за  давање во закуп до 10 хектари на земјоделско земјиште во државна сопственост, согласно најновите измени на Законот за земјоделско земјиште.На овој оглас се понудени повеќе од 4 илјади хектари во 17 општини, а времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето е од 15 до 50 години во зависност од насадот и од културата истакна на прес-конференција министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

 

За прв пат може да се конкурира и за земјиште на кое се предвидува подигнивање на оранжерии што досега не беше дозволено. Со донесувањето на измените на Законот за земјоделско земјиште оваа пречка веќе е надмината.

 

Новина е и тоа што физичките лица може,но не мора да се регистрирани вршители на земјоделска дејност. За државна земја може да конкурираат и земјоделци кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства што се води во Министерството за земјоделство.

 


Македонско-Косовски бизнис форум
Дата на објава: 
24 Март 2011
Biznis forum Minister.jpg

Македонските и косовските стопанственици  треба да најдат нови форми за продлабочување на соработката, за заеднички вложувања во инфраструктурни и енергетски проекти и настап на трети пазари. Властите, пак,  во двете држави, да ги отстранат  постојните бариери и да создадат поволна бизнис клима за странски инвестиции во интерес на равој на регионот.

 

Ова се пораките кои ги упатија претседателите на Република Македонија и Република Косово Ѓорѓе Иванов и Беџет Пацоли на учесниците на македонско-косовскиот бизнис форум, што се одржа во Скопје.

 

- Вкупната трговска размена на Македонија со Косово во 2010 година  споредено со 2009. е зголемена за 41 процент. Косово е важен трговски партнер на Македонија. Искрено се надевам дека бројот на компаниите кои соработуваат ќе се зголемува во наредниот период бидејќи постојат поволни услови за тоа,- истакна Претседателот Иванов.

 


Syndicate content