Отворени денови на Министерството за земјоделство во Ресен и Демир Хисар
Дата на објава: 
3 Декември 2011
otvoreni denovi 005.jpg

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува со одржување на отворените денови низ Македонија. На денешната средба во Подрачната единица  во Ресен учествуваа министерот Љупчо Димовски, заменикот Зоран Коњановски, инспекторатот и раководителите од министерствотово.

 

Оваа Влада вложува многу во развојот на земјоделството и во своите програмски активности важно место зазема  овоштарството. Особено внимание се посветува на регионот на Преспа каде што се произведуваат околу 90 насто од вкупниот род на јаболкото. Ова денеска го истакна заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Зоран Коњановски на  отворените денови на министерството.

 

Министерството за земјоделство, посочи Коњановски, на овој начин директно и непосредно се запознава со проблемите што ги имаат земјоделците и наоѓа  заедничко решение. Таков е примерот со изборот на концесионер за Преспанското езеро за што се очекува дека во најскоро време ќе се најде решение.


Развојот на земјоделскиот сектор во фокусот на работата на Владата
Дата на објава: 
2 Декември 2011
IMG_0259.JPG

Развојот на земјоделскиот сектор и зголемување на ефикасноста на администрацијата се во фокусот на работата на македонската Влада, истакна заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски обраќајќи се на конференцијата „Реформите во јавната советодавна служба за квалитет-кориснички пристап за земјоделците“, што денеска се одржа во Битола во организација на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

 

Според Коњановски, владините реформи во областа на јавната советодавна служба овозможуваат квалитетен кориснички пристап за земјоделците.

- Советодавните услуги во земјоделството се клучна алка која придонесува за модернизација и прилагодување во земјоделството, особено во период кога Република Македонија се наоѓа на чекор од влезот во ЕУ, за што е потребно прилагодување, како во имплементација на технолошките процеси во примарното земјоделско производство, така и во усогласувањето со регулативата на ЕУ, истакна Коњановски.


Прва средба на министрите за земјоделство на Македонија и на Литванија
Дата на објава: 
2 Декември 2011
Makedonija-Litvanija 007.jpg

Оваа прва посета на литвански министер за земјоделство Казис Саркевичиус во Македонија е многу добра можност да се започне со сериозна соработка. Се водеше конструктивен разговор пред се во делот на воспоставувањето непосредни, директни контакти меѓу министерствата. Договорена е и соработка во контролата на прехранбените производи, меѓу надлежните институции, агенциите за храна и ветеринарство, како и меѓу агенциите за финансиска поддршка.

 

Димовски и Саркевичиус на билатералната средба во Министерството за земјоделство разговараа и за интензивирање на размената со оглед дека Литванија е особено заинтересирана за увоз на македонско вино и зеленчук.

 

Македонија воедно ќе има можност да ги користи литванските искуства во приближувањето кон ЕУ и исполнувањето на потребните критериуми, но и практиката на формирањето земјоделски кооперативи и задруги.

 


Заменик министерот Коњановски на трибина за „Состојбите во млекопроизводството“,
Дата на објава: 
30 Ноември 2011
Mlekoproizvodstvo.jpg

Со добивање дополнителни десет отсто од откупната цена, македонските фармери ќе бидат стимулирани да произведуваат поквалитетно млеко, предвидуваат новите правилници што ги објави Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а ќе важат од 1 јануари идната година.

 

Како што беше истакнато на денешната трибина „Состојбите во млекопроизводството“ , годинава, околу 16 отсто од произведеното млеко во Македонија ги исполнува европските стандарди за квалитет. Лани, овој процент бил двојно помал.

 

- На македонскиот фармер денес му е прескапо производството на млеко. Тој, за жал, не е конкурентен, има ниска продуктивност по грло, фармите се мали со по максимум една до пет крави, а квалитетот на млекото е лош. Цената, пак, се приближува до европската каде што млекото е со екстра квалитет, рече Соња Србиновска, професор на Факултетот за земјоделски науки и храна.

 


Јавен повик
Дата на објава: 
30 Ноември 2011

ЈАВЕН ПОВИК

за доделување на финансискa поддршка на проекти од областа на земјоделството и руралниот развој

 

1. ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ

 

Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка:

- за научно-истражувачки, апликативни и проекти во тек на имплементација од областа на земјоделството и руралниот развој кои имаат за цел:

-        Подршка во процесот на земјоделското производство;

-        Подобрување на човечките ресурси во земјоделството и руралниот развој;

-        Подобрување на преносот на знаењето од науката до примарните производители;

-        издавање на стручни материјали од областа на земјоделството и руралниот развој (едукативни, информативни, научни и пропагандни материјали) кои имаат за цел остварување на стратешките развојни цели на МЗШВ.

2. ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ И МАКСИМАЛЕН ИЗНОС НА ПОДДРШКАТА

Согласно предметот на овој јавен повик од точка 1, прифатливи трошоци се:

-       за ангажман на експерти;

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

Syndicate content