Министерот за земјоделство Љупчо Димовски одржа работен состанок со претставници на Синдикатот на работниците од управата
Дата на објава: 
28 Март 2012
Sindikat.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, денеска одржа прва средба со претседателот  и претставници на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија.

 

На состанокот се зборуваше околу потпишувањето на колективниот договор за вработените во Министерството за земјоделство, со кој што ќе се допрецизираат правата на државните службеници.

 

Министерот Димовски изрази подготвеност за потпишување на ваков договор со кој како што рече и самиот вработените ќе си ги остваруваат своите права а тој секогаш е на страната на вработените.

 

Од Синдикатот го покренаа и прашањето за статусот на Шумската полиција и регулирањето на надоместокот за плата со нивниот секојдневен ризик на работното место, на што Министерот Димовски ги извести дека се работи на новиот закон за шумска полиција во кој точно се утврдени сите права на вработените во Шумска полиција.


Објавен оглас за давање во закуп на над 149 хектари државно земјоделско земјиште во Светиниколско
Дата на објава: 
28 Март 2012

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, денеска  објави оглас за давање во закуп на 149ха 37ар 97м2 земјоделско земјиште во сопственост на државата во регионот Свети Николе за катастарските општини Сарамзалино, Каратманово, Лозово, Милино, и Дорфулија.  

 

Право на учество на јавниот оглас за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост, имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.

 

Понудата треба да се поднесе до  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - Скопје во рок од 15 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас.

 

За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на телефон: 02 313 44 77 или да ја посетат веб страницата на  Министерството  www.mzsv.gov.mk 

 

Додаток за превземање: 

Заменик министерот Коњановски се сретна со земјоделците од Преспа
Дата на објава: 
22 Март 2012

Денес, 22.03.2012 година, заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски, оствари посета на општина Ресен. При посетата заменик министерот Коњановски се сретна со градоначалникот на општина Ресен, Михаил Волкановски и со претставници на задруженијата на земјоделците од овој регион, при што ги запозна присутните за тековните проекти во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и за програмите и мерките што се предвидуваат за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за 2012 година.


Објавени конкурси за организирање на рекреативен риболов на реките,езерата и акумулациите
Дата на објава: 
22 Март 2012

Согласно Одлуката за распишување на јавен конкурс за давање на концесија за организирање на рекреативен риболов на рибите од риболовните ревири и рекреативните зони број 51-7989/1 од 27 декември 2011 година објавена во Службен весник на Република Македонија број 23 од 15 февруари, Министреството за земјоделство,шумарство и водостопанство денеска објави јавен конкурс за давање на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов.Предмет на овој оглас се рибите од риболовните ревири на сливовите на реките Вардар, Треска, Пчиња, Црна река, Брегалница, Струмица, Црн Дрим и сливот на Преспанското езеро, како и рекреативните зони на Охридското,Преспанското и Дојранското езеро и повеќе вештачки езера –акумулации на кои согласно риболовните основи е предвидено организирање на рекреативен риболов.

Концесијатаза организирање рекреативен риболов се дава за период од шест години .

 

Додаток за превземање: 

Соопштение
Дата на објава: 
21 Март 2012

Во врска со објавените Јавни конкурси во Службен весник на Република Македонија број 35 од 14 март 2012 година, во дневните весници Вечер и Коха на ден 13.03.2012 година и на WEB страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информираме дека согласно дел 4 точка 4.6. Комисијата за спроведување на постапката ја изработи тендерската документација.

 

Од 21.03.2012 година заинтересираните понудувачи тендерската документација може да ја подигнат, во архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, секој работен ден  од 9 до 16 часот.

При подигање на тендерската документација во архивата треба да се остават податоци за називот и седиштето на понудувачот, како и контакт телефон.

 

Согласно тендерската документација, прилогот Риболовна основа може да се преземе од web - страницата на Министреството за земјоделство,шумарство и водостопанство   www.mzsv.gov.mk.

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

Syndicate content