Министерот Димовски на манифестацијата „Ден на полето за житни култури“ во Новосељане
Дата на објава: 
29 Мај 2013
8725.jpg

Исклучителни високи приноси пченица и до 7 тони на хектар достигнуваат одредени парцели  во Кумановско. Ова, како што рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, се одлични резултати ако се земе предвид просечниот принос во земјава од 2,5 тони.

Во овој регион, посочи Димовски, почвата е од четврта и петта категорија споредено со житницата Пелагонија каде што е од прва или втора класа.

- Причина за постигнуавањето високи резултати е примената на агротехнички мерки, користење најмодерни машини и технологија, како и употреба на серифициран семенски материјал, истакна министерот кој учествуваше на манифестацијата „Ден на полето за житни култури“ во село Новосељане.


Агробизнис форум: ЦЕФТА земјите да ја интезивираат соработката
Дата на објава: 
29 Мај 2013
Agro forum.JPG

Компаниите од регионот да ја интензивираат соработката за поголема размена со земјоделските производи, да ги детектираат евентуалните пречки во рамки на трговските ЦЕФТА договори и да побараат помош од државните институции за нивно заедничко надминување.

Ова е пораката од денешниот агробизнис форум што го организираа УСАИД и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија.

 

Неопходно е, беше речено, да зајакнат и активностите со цел што поголемо искористување на средствата од европските фондови.

 

- Соработката за поголема трговска размена станува прaкса и нужност зашто државите од регионот веќе бележат дефицит со ЕУ од околу 1,5 милијарда евра. Преку интезивни контакти ќе може барем да се надмине овој негативен биланс, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

 


Министерот Димовски на јавна расправа за Предлог-законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост
Дата на објава: 
16 Мај 2013
aaa.JPG

Продажбата на државното земјоделско земјиште ќе го раздвижи капиталот во Македонија, оцени денеска министерот Љупчо Димовски. Ваквиот потег што по иницијатива на земјоделците веќе се преточува во закон, ќе значи, напомена, зголемување на приносите и на вкупното производство.

И стопанствениците кои учествуваа на јавната расправа по овој владин предлог, се согласни дека од приватизацијата на површините бенефитот ќе биде повеќекратен. Ќе се срушат сите бариери, пред се идеолошки, и ќе се создадат предуслови за сериозно агропроизводство.

- Сопственото е најсигурно. Оттука, ако се вложи сопствен капитал, ќе се води сметка за целосна обработка на површините со користење современи агротехнички мерки и модерна механизација. Тоа, пак, ќе значи зголемување на приносите и на вкупното производство, рече министерот Димовски.


Ј А В Е Н П О В И К
Дата на објава: 
15 Мај 2013

Ј а в е н П О В И К

за техничка поддршка за учество на саемски манифестации и саеми на земјоделски производители и преработувачи

I. ПРЕДМЕТ НА јавниот ПОВИК

Се објавува јавен повик за доставување на предлог за користење на техничка поддршка за патни и дневни трошоци на учесниците-изложувачи на саемски манифестации и саеми на земјоделски производители и преработувачи (во понатамошниот текст: предлог за користење).

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

Министерот Димовски од Брисел: Македонија ја менува сликата за земјоделството
Дата на објава: 
14 Мај 2013
JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска, во рамки на работната посета на Брисел, на покана од Милан Звер, член на Европскиот парламент и на Европскиот совет на млади земјоделци (ЦЕЈА), беше гостин-говорник на Третото издание на ЦЕЈА. Министерот Димовски учествуваше и на тркалезната маса „Младите фармери обезбедуваат одржлив развој за иднината на Европа“ што се одржа во Европскиот парламент. Тој во обраќањето порача дека како земја која сака членство во ЕУ, Македонија има за цел да ги усогласи регулативите и инструментите со ЕУ политиката и легислативата.


Syndicate content