Дата на објава:
11 Октомври 2009Интензивирање на соработката во делот на руралниот развој, алтернативниот туризам, трговијата со земјоделско-прехранбени производи, поттикнување на поголема размена на податоци, знаења, искуства и информации во насока на хармонизацијата на националните законодавства со законодавството на Европската унија и приблиѓувањето кон неа. Ова го договорија членките на Постојаната Работна Група за Регионален Рурален Развој на земјите од Југоисточна Европа, на Форумот за земјоделска политика за земјите од ЈИЕ, кој од 8 до 10 октомври се одржa во Босна и Херцеговина.