Во Охрид 34. Советување за заштита на растенијата
Дата на објава:
18 Ноември 2009Проблематиката што се однесува на фитосанитарниот систем, биолошки штетните агенси, методите за контрола на популацијата на штетниците, како и имплементацијата на Законот за заштита на растенијата се главните теми на кои ќе расправа на 34-то Советување за заштита на растенијата што неделава се одржува во Охрид.
Советувањето го организира Здружението за заштита на растенијата на Македонија, со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и националната Фитосанитарна управа. На оваа традиционална манифестација учествуваат педесеттина експерти и гости од земјава, но и од научноистражувачки центри од Русија, Србија, Хрватска, Словенија Романија, Бугарија и Албанија.